Денес ја славиме Света Ана, мајката на Света Богородица. Главниот празник на Света Ана, мајката на Богородица е 9.септември, но денес православната црква го слави нејзиното успение.
Света Ана била ќерка на свештеникот Матан од родот Левиев и Марија од Витлеем. Родителите на Ана имале уште две ќерки: Марија и Софија. Марија го родила Саломиј, а Софија ја родила Јелисавета, која подоцна го родила Јован Крстител.
Ана со својот маж Јоаким миле бездетни и цели 50 години живееле без дете. А потоа, на стари години Ана ја родила Марија, Пресвета Богородица. Јоаким со години бил тажен поради тоа што немал деца.
Затоа, после еден настан одлучил да замине во пустина и таму да му се моли на Бог и да тагува поради неcpеќната судбина. Еден ден пред него се прикажал ангел кој му рекол дека Бог ќе го благослови со дете.
Подоцна, истиот ангел и се прикажал и на Ана и и‘ ја кажал истата работа. Пресреќните Ана и Јоаким му ветиле на Бог дека детето ќе му го посветат на храмот. И навистина така се случило.
Јоаким и Ана станале родители на Пресвета Богородица, која ја одгледале до нејзината трета година, а потоа го исполниле ветувањето и ја одвеле во храм во кој живеела до својата 12.годишна возраст, кога се верила за Јосиф.
МОЛИТВА ЗА МАЖЕНИТЕ ЖЕНИ УПАТЕНА КОН СВЕТА АНА: Света мајко, која си од Бог одбрана, да станеш мајка на онаа, која ни го роди божествениот Спасител, тебе плачејќи ти се обраќам за твоја моќна помош.
Измоли се за мене кај твојот и мојот Бог за мислост, денес и сите наредни денови од својот живот да бидам чесна, честита, чиста и трезна, вредна, милосрдна и праведна побожна жена.
Таква да останам и секогаш да настојувам да му бидам на својот сопруг верна другарка, на децата да им бидам грижлива мајка и сите мои обврски со Божја помош да ги извршувам и да не згрешам од поголемо или случајно невнимание.
Нека стојат далеку од мене секаква непромисленост, љубомора, пркос, неверство, мрзливост и немарност во должностите.
Секогаш пред очи ќе ги имам, моја света заштитничке, твојот примерен живот, па ќе се трудам сè повеќе и мојот живот да биде сличен на твојот. Како што ти на твојот Јоаким, така и јас на мојот маж ќе му правам само добро, а никогаш зло.
Исто како тебе и јас ќе се грижам за мојата куќа и децата. Тие во мене ќе гледаат пример за побожен живот. Измоли ми предрага моја мајко Ана, Божја милост за сите мои одлуки, бидејќи само со моќта Божја ќе можам да го извршам она што по твојот свет пример сум го одлучила. Амин.