Ако бронхиите ви се полни со спутум и напредокот во лекувањето оди многу споро, испробајте го овој рецепт од природната медицина за прочистување на белите дробови. Помага при обични настинки, виpycи, аcтма, конгеcтија, но и за чистење на црниот дроб. Овој препарат помага да се отворат дишнитe патишта, а делува многу брзо.
За оваа ефикасна смеса ви се потребни само 4 природни состојки кои во периодот на зимските денови треба постојано да ги имате во домот. Има загревачко дејство и на тој начин ја подобрува циркулацијата и метаболизмот, а помага и во полесно исфрлање на насобраниот спутум. Во продолжение ви откриваме два рецепти:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (ПРВ РЕЦЕПТ): 1 портокал, 1 чешне лук, 10 г корен од ѓумбир, 1 лажичка мед. Препаратот е наменет за едно лице и за една употреба. Потребно е да го конcyмирате во период од неколку денови, додека состојбата целосно да се подобри, а резултати се забележуваат после првиот ден. Во продолжение прочитајте ја постапката:
ПОСТАПКА ЗА ПРВИОТ РЕЦЕПТ: Пречесете го врвот на портокалот, колку да стигнете до месестиот дел. Со помош на мала лажица извадете мал дел од внатрешноста колку да се направи вдлабнатина. Сосем малку извадете, за да ви остане повеќе од половина портокал за подоцна, за препаратот. Едно чешне лук исечкајте го на ситни парчиња, а ѓумбирот излупете го, па ситно исечкајте го.
Ставете ги лукот и ѓумбирот во вдлабнатината на портокалот, па одозгора прелијте со 1 лажица мед и малку промешајте. Покријте го портокалот со пресечениот дел, како капаче и оставете го да отстои 2 часа на собна температура. За тоа време, ѓумбирот, медот и лукот ќе пуштат од своите нутритивни соединенија во сокот од портокал.
По изминатото време, процедете го сокот така што ќе ги истискате и лукот и ѓумбирот преку цедалката. Сокот има многу убав вкус и покрај тоа што содржи лути состојки во него.
Целата количина се пие наеднаш и веднаш се чyвствува топлинското дејство, а и состојбата со грлото видно се подобрува. За деца под 12 години, потребно е да конcyмираат по 2 лажички од овој сок со претходна конcyлтација на лекар. Следи вториот рецепт за кој ви се потребни банани:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (ВТОР РЕЦЕПТ): 2 зрели банани, 2 полни лажици домашен мед, 400 мл зовриена вода. ПОСТАПКА: Излупете ги бананите, а потоа исечкјате ги на тркалца. Испасирајте ги со помош на виљушка, па прелијте ги 400 мл зовриена вода.
Промешајте со лажица, околу минута-две додека да добиете компактна смеса. Сето ова можете да го направите и во некој поголем блендер. Кога смесата ќе олади доволно, додајте две лажици квалитетен, пчелин мед.
Промешајте уште еднаш, па смесата поклопете ја со мала чинија или тацна, па оставете да отстои половина час. Потоа процедете ја смесата низ цедалка или газа. Добиениот сируп складирајте го во стаклена тегла и чувајте го во фрижидер. Добиената количина е доволна за цел ден.
Распоредете ја на два еднакви делови, па пијте на 12 часа, еднаш наутро и еднаш навечер пред спиење. По желба може да ја распоредите оваа количина и на повеќепати во текот на денот. Следниот ден повторете ја постапката, а сирупот пијте го додека да престане кашлицата и ја исфрлите слузта. Деталите од целата постапка за првиот рецепт може да ги погледнете во видеото ОВДЕ.