Направив многу вкусно и здраво јадење од само неколку состојки. Вкусен оброк кој може да замени ручек или вечера. Кремаст вкус и за многу брзо време го направив. Целосна препорака, вреди да се проба нешто вакво.




Потребни состојки: 1/2 чаша ориз (90 грама), 2 литри вода, 1 јајце, 3 чаши јогурт (600 мл), 1,5 лажица брашно (30 грама), 200 грама пченка, 1 мала лажичка сол (4 г). За сосот: 3 големи лажици путер (90 г), 1 мала лажичка нане.




За салата (опционално): 2 главици кромид, магдонос, 1 мала лажичка сол, половина лимон. Постапка: Најпрво се чисти оризот и се става на варење. Ставете го врз цедалка и одоздола со сад и прелијте со вода неколку пати додека да се измие.




Ставете го да се вари во 2 литри вода и покријте со капак. Оставете да се готви додека да омекне. Во меѓувреме во еден сад скршете едно јајце и разматете го со жица за матење. Додајте три чаши јогурт кој треба да биде малку погуст, а може да користите и павлака наместо јогурт.




Размешајте го јогуртот во јајцето. Додајте го брашното и солта и измешајте сè во еднолична, течна смеса. Кога оризот ќе се свари издвојте 2-3 големи кутлачи и размешајте ги во мешавината со јогуртот.




Потоа смесата со јогурт додајте ја во водата со оризот и со повремено мешање гответе 6-8 минути додека да згусне. Пченката сварете ја претходно со малку сол, а потоа додајте ја во супата додека се вари.




Направете ја салатата од кромид исечен на полумесечини, ситно сечкан магдонос, зачинете по желба и исцедете одозгора половина лимон. Кога супата ќе се згусне тргнете ја од рингла.




За сосот: путерот испржете го со малку нане (во зачин, ситно мелено) додека да се растопи и потоа прелијте го во чорбата од пченка и јогурт, измешајте и послужете топло. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.