Кога се оди кај баба на гости, свежото лепче секогаш прво пречекува на трпезата и сите посегнуваат по него, додека во рерната се пече второто за со ручекот. Ова се убавите спомени од детството кои ни ги оставиле нашите баби и прабаби, а од нивните раце секогаш излегуваа највкусните деликатеси.




Aко некогаш сте се прашувале, кој рецепт и кои намирници ги користеле нашите баби за да замесат вкусно, меко и воздушесто лепче, ова е рецептот кој долго време е баран. Во продолжение прочитајте ги состојките кои ви се потребни:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 неполна чаша ориз, 3 чаши вода, 100 мл млеко (може да се замени со вода), 1 голема лажица шеќер, 1 мала лажица сув квасец, 1/2 лажиче сол (или по вкус), 3 чаши брашно, 2 лажици масло/свинска маст/путер. Се користи чаша од 200 мл, една иста величина.




ПОСТАПКА: Во едно тенџере ставете 1 неполна чаша ориз, кој треба да биде измиен на неколку пати претходно. Во тенџерето ставете 3 чаши вода и ставете го тенџерето на рингла на ниска кон средна температура. Кога водата ќе зоврие, намалате ја малку температурата на ринглата и покријте го тенџерето со капак.




Потоа варете го оризот уште некое време, додека да омекне и да ја апсорбира целата вода. По варењето, тенџерето се трга настрана и се остава оризот малку да се олади. Во меѓувреме, во 1 чаша со млеко (на собна температура) измешајте 2 лажици шеќер и 1 лажичка сув квасец. Доколку сакате лепчето да го направите посно, наместо млеко, ставете вода.




Оризот префрлете го во подлабок сад за замесување на тесто и врз него прелијте со мешавината од млеко/вода, шеќер и квасец. Малку промешајте, па додајте 1/2 лажичка сол. Постепено започнете да го додавате брашното (вкупно 3 чаши) и мешајте со лажица или шпатула, додека да почне да се соединува во тесто.




Замесете фино, меко и воздушесто тесто во кое треба да ставите 2 лажички масло/растопен путер/растопена свинска маст и добро втријте ја маснотијата во тестото. Покријте го тестото со памучна крпа во садот и оставете го да ја удвои својата величина околу 1 час или повеќе, ако имате време.




Кога тестото ќе стаса, префрлете го на рамна, набрашнета површина и ако лепи додајте уште малку брашно и масло, по потреба. Не го месете премногу тестото, за да остане меко, доволно е да не се лепи. Во еден кружен плех, обложете хартија за печење и ставете го тестото на средина.




Со помош на прстите, развлечете го тестото до посакуваната големина или додека да се покрие целата површина на тепсијата, па повторно покријте го со крпа и оставете да стасува уште 15-тина минути.

Потоа ставете да се пече во претходно загреана рерна на 180 степени, околу 50-60 минути, во зависност од јачината на рерната. По печењето, лепчето се остава да се олади сосем малку, па се послужува топло со „кршење“. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.