Рецептот на Естефанија ме воодушеви, особено заради тоа што подготовката на овие колачиња е многу едноставна и не треба да се печат. Овие колачиња се нешто навистина посебно, имаат преубав вкус но и изглед. Ги нарекуваат „бугат“, а во продавница се многу скапи.




Целиот процес на подготовка е многу едноставен, единствено што е малку „покомплициpaна“ подготовката на бадемите кои треба да се излупат, па да се испечат, за да имаат вкусна арома. Ако не ги подготвувате дома, можете да си купите веќе истостирани и излупени од продавница. Еве кои состојки ви се потребни:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 200 г бадеми, 125 г шеќер, 125 г мед, 1 белка од јајце. Ако сакате да направите поголема количина од колачот (а верувајте дека ќе сакате), удвојте ја соодветно количината на секоја од состојките напишани погоре. Во продолжение може да ја проследите постапката:




ПОСТАПКА: Во едно тенџере ставете 200 г бадеми и прелијте ги со ладна вода. Тенџерето ставете го на рингла која треба да биде вклучена на средна температура.

По зовривање на водата, се остава бадемите да се варат уште 3 минути. Потоа од секој бадем се вади лупшата, а за поедноставен процес може да си купите веќе излупени и испечени бадеми.




По лупењето, бадемите се редат на плех, обложен со хартија за печење и се печат во претходно загреана рерна на 170 степени, 10-15 минути. Во еден подлабок сад се одвојува белката од жолчката и се започнува со постепено матење на белката со миксер, прво со најмала брзина, па постепено се зголемува.




Белката треба да се измати во цврст снег кој не паѓа од садот кога ќе се преврти. Во едно тавче се става 125 г шеќер, со 125 мед и на ниска температура се готви додека шеќерот и медот да се карамелизираат, со постојано мешање. Кога шеќерот ќе се растопи со медот, смесата треба да изгледа течна, па дури тогаш се трга од рингла.




Во растопениот шеќер и мед се додава половина од белката и се меша со шпатула до соединување на состојките. Постепено се додава повеќе од белката додека да ја ставите целата, па тавчето се враќа на рингла и се готви додека да се добие фина мазна смеса.




Бадемите се ставаат во смесата и сите состојки фино се мешаат до соединување. Во силиконски правоаголен калап се излева смесата и на површината добро се измазнува. Колачот се става во фрижидер да се стегне преку ноќ, минимум 12 часа, па потоа се сече на помали коцки и се послужува. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.