ИЗМАТИ И ИЗЛЕЈ ПРЕКУ ЈАБОЛКАТА…БРЗ КОЛАЧ: Десерт по кој сите лудуваат! Ролат со јаболка. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

Фил:
6 големи јаболка
5-6 лажици шеќер
1 кесичка ванилин шеќер
50 г ореви
1 лажичка цимет

За бисквит:
3 јајца
70-100 г шеќер (во зависност од вкусот)
150 г брашно
1 кесичка прашок за печиво
1 кесичка ванилин шеќер
80 мл млеко

ПОСТАПКА:

Јаболката прво излупете ги и изрендајте ги, па заедно со шеќерот и ванилиниот шеќер кратко продинстајте ги за да се карамелизираат.

Додека јаболката се крчкаат, изматете ги јајцата со шеќерот и ванилиниот шеќер додека да побелат и згуснат, потоа додајте ги млекото, брашното и прашокот за печиво и повторно изматете кратко.

Кога јаболката ќе се испржат, додајте им ореви и цимет, па оставете ги да се изладат неколку минути. Префрлете ги јаболката во плех обложен со хартија за печење и рамномерно распоредете ги.

Големината на плехот што го користев е 43×33 cm. Изматеното тесто за бисквит прелијте го врз јаболката и ставете го во загреана рерна и печете го на 180 C. 12 минути ми беа доволни, но најдобро е да почекате убаво да порумени.

Оставете го колачот да се излади две до три минути, а потоа покријте го со хартија за печење и послужавник, а потоа превртете го.

Отстранете ја хартијата за печење што се залепила за филот од јаболка, а потоа завиткајте го ролатот и оставете го да се излади и да се стегне. Посипете го со шеќер во прав и уживајте во вкусот. Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ.