Голем број жени се алегрични на хемикалиите кои се наоѓаат во фарбите за коса, па може да ја применат оваа техника која често ја применуваат жените од Истокот.
Потребни состојки:
2 лажици нес кафе за светла коса или 2 лажици црно кафе за потемна коса
2 лажици кокосово масло
2 лажици регенератор или јогурт
Постапка:
Во еден сад прво ставете го кафето. Во зависност од тоа каква е вашата боја на коса, користете нес кафе за посветли нијанси или црно кафе за потемни нијанси.
Во кафето додадете течно кокосово масло и убаво промешајте додека кафето да се растопи и да се добие изедначена смеса. На крај се додаваат уште две лажици регенератор за коса или јогурт.
Убаво соединете со смесата од кафе и масло, а потоа со четка нанесете на коренот и долж праменот каде имате побелени влакна. Уште подобро ако направите поголема количина и смесата ја нанесете на целата коса.
Вака нанесената “боја” се остава да делува еден час, а потоа се мие со шампон и вода. Оваа смеса успешно ги маскира белите влакна, а може да се користи двапати месечно без да ја оштети косата.