Денеска подготвив рецепт од тепсија со зеленчук. Целата подготовка ми одзема помалку од половина час за да го направам ова јадење. Исечкајте неколку зеленчуци, а потоа прелијте ги со смеса од јајца и ставете на печење. Ова јадење е многу здраво и нутритивно, може да ви помогне брзо да изгубите тежина.
Ова јадење може да го подготвите за ручек или вечера, па да го послужите со павлака или чаша јогурт. Дечињата го обожаваат овој ручек, но и сопругот. Ова јадење е навистина лесно и нема да ви направи тешко на стомакот. Овој оброк не содржи месо и е многу економичен, особено е погоден за летните денови, кога треба да се јаде полесна храна. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 помала брокула, маслиново масло, 1 црвена слатка пиперка, 3 тиквички, 1 главица кромид, 5 јајца, 4-5 лажици цврст јогурт, 1-2 чешниња лук, неколку шери домати, 80 г моцарела кашкавал, 80 г рендан кашкавал (тврд).
ПОСТАПКА: Брокулата исечете ја на помали гранчиња, со големина по ваша желба. Подгответе си еден плех со стандардна величина (од рерна) и малку намастете го со масло. Наредете ја брокулата низ плехот. Исечкајте една црвена слатка пиперка на тенки ленти, па наредете ја помеѓу брокулата.
Посолете и запиперете по вкус врз зеленчукот, а по желба додајте и други зачински билки (како мајчина душица). Ставете на печење во рерна, загреана на 200 степени, приближно 10-тина минути, додека брокулата и пиперката да омекнат. Во меѓувреме исечкајте ги тиквичките на средни коцки.
Пропржете ги тиквиците во малку масло во загреано тавче, додека да испарат течностите. Исечкајте ја главицата кромид на ситни коцки, па додајте ја во тиквиците и гответе со повремено промешување додека кромидот да омекне. Посолете и запиперете по вкус, па тргнете од рингла.
Излејте ги тиквиците и кромидот преку брокулата и пиперката, па подгответе ја смесата со јајца. Скршете ги јајцата во подлабок сад, посолете и додајте 4-5 лажици цврст јогурт. Измешајте, па додајте 1-2 чешниња лук, ситно исечкани или поминати низ преса.
Излејте ја смесата преку зеленчукот во плехот. Исечкајте ги чери доматите на половина, па распоредете ги преку зеленчукот и смесата од јајца. Помеѓу зеленчукот наредете и ситно сечкан моцарела кашкавал и наросете со рендан тврд кашкавал. Вратете на печење во рерна на 200 степени, 15 минути, додека јајцата да се испечат.
По печењето, оставете питата малку да се олади, па послужете на парчиња. Доколку ви се допаѓа, направете го овој вкусен сос-прелив. Измешајте 3 лажици цврст јогурт со 1 ситно сечкано чешне лук и додајте ситно сечкан млад кромид. Послужете со парчињата. Деталите погледнете ги ОВДЕ. Прочитајте: ТИКВИЧКИ ОД РЕРНА: Едноставно, брзо и многу вкусно летно јадење – ОВДЕ.