Една жена сподели непријатно искуство со сопругот и двете деца во група на социјалните мрежи.
Имено, тие, како и многу луѓе, биле привлечени од позитивните коментари за гостопримството, ниските цени и чистите плажи, па решиле да летуваат во Албанија. Меѓутоа, тие доживеале вистинско понижување во ресторан на плажа бидејќи, како што таа вели во статусот, не порачале доволно работи.
Жената изјавила дека во таа прилика сите членови на семејството нарачале по еден пијалак, а на децата им порачала и помфрит. Но, тоа наводно не било доволно, па морале да станат од масата и да го напуштат кафулето.
Изревортилана таа напиша дека после тој настан одлучиле да се вратат предвреме од одморот и дека Албанија повеќе нема да ги види.
Некои корисници на социјалните мрежи застанаа на нејзина страна и истакнаа дека ваквото однесување на ресторанот е недозволиво, како да го доживеале и тие.
Но, други истакнаа дека тоа е наводно пракса во одредени ресторани кога има многу гужва и не треба да ја осудува цела држава поради една лоша ситуација бидејќи такви луѓе има насекаде, како и тоа, дека тие досега наишле само на добрина и гостопримство.
Нејзиниот статус го пренесуваме во целост:
„Јас сум личност со висока толеранција. Од кога стигнавме, прогледувам низ прсти за сè… како ајде… нема врска… До денес секако. На плажата Shpella e Pellumbave се наоѓа единствениот ресторан со бамбус и пластични столчиња.
Идеално да се оддалечите од топлината и да се се освежите со пијачка. Нема „фенси“ момент во него. Ние, двајца возрасни и две мали деца на возраст од 3 и 4 години, сите нарачавме пијалак и помфрит за децата.
Ни рекоа дека не е доволно нарачана храна за да останеме таму за да седиме. Значи… таков срам за туристичко место не сум доживеала во моите 40 години. Се разбира, таму нема да нè видат повеќе.
Се враќаме ден претходно и со изгребана кола. Што и јас го толерирав како… ајде, до некаде го очекувавме тоа, но се надевавме дека нема да се случи… Но, се си има граници, се разбира. Барем што се однесува до моето семејство“, напишала револтираната жена.