Многумина од нас имаат проблеми со кожата и поради тоа користиме разни третмани и производи кои малку или воопшто не ни помагаат.
Ако и вие имате проблем со кожата од лицето, пробајте ја оваа едноставна маска која навистина е многу ефикасна.
Потребни состојки:
20 г квасец
2 мали лажички лимонов сок
Постапка и користење:
Измешајте го квасецот со лимоновиот сок (ако немате лимон можете да користите сок од цитрон).
Добиената смеса ставете ја во друг сад исполнет со топла вода и оставете неколку минути (2-3) за да се активира квасецот.
Потоа нанесете на чисто лице (убаво отстранета пудра или крем) и оставете да делува 20 минути. Исплакнете со топла вода, а потоа нанесете крем за лице.
Нема да се покаете ако ја пробате оваа маска. Сепак не треба да претерувате и често да ја нанесувате. Доволно е да ја користите еднаш или двапати седмично.
Освен за кожа, квасецот е идеален и за коса, особено при опаѓање.