Доколку забележавте дека ова лето ви се појавиле некои кафеави или темни дамки на лицето со неправилна форма, треба да знаете дека најверојатно станува збор за хиперпигментација и потребно е што поскоро да реагирате.
Колку подолго ги оставате овие дамки на вашата кожа, толку повеќе тие стануваат позакоравени и од година на година може само да се зголемуваат. Затоа најдобро е веднаш да реагирате и да ги отстраните на природен начин.
За да спречите понатамошно ош.тетување на кожата и појава на нови дамки, важно е да не се изложувате на сонце помеѓу 10 и 17 часот, како и да пиете големи количества вода за да бидете хидрирани.
Исто така, конcyмирајте колку можете повеќе сезонско овошје и зеленчук кое е богато со антиоксиданти (токму антиоксидантите спречуваат оксидативни ош.тетувања на вашата кожа), или пак, земајте ги во облик на додатоци на исхрана. Ова се неколку природни решенија кои можете да ги примените за да ги отстраните темните дамки од вашата кожа:
ПИЛИНГ ОД ШЕЌЕР. За да ги осветлите постоечките и да го намалите ризикот од појава на нови дамки, потребно е на вашата кожа да и овозможите природен пилинг за да се отстранат мртвите клетки, да се прочистат порите и да се зголеми микроциркулацијата во епидермисот.
Благодарение на природниот пилинг ќе се отстранат оште.тените клетки, а дамките ќе започнат да бледеат и постепено би можеле да исчезнат. Со пилингот ќе се поттикне создавање на нови, здрави клетки.
Пилингот можете да го направите од шеќер и кокосово масло. Помешајте 1 лажица шеќер со половина лажица кокосово масло, а со оваа мешавина добро истријте ја и измасирајте ја кожата. Потоа добро исплакнете. Пилингот може да го применувате секој втор или трет ден, во зависност од чуствителноста на вашата кожа.
СОК ОД СВЕЖ ЛИМОН. Лимонската киселина има својства на избелувач, што значи дека може да ги избелува и темните дамки од кожата. Примена: исцедете малку лимонов сок, па со него истријте ги дамките на кожата, двапати дневно. Оставете да делува барем половина час, па исплакнете.
За месец или два ќе забележите дека вашите дамки полека исчезнуваат, но потребна е упорност и редовност во третманот. Не треба да се изложувате на сонце непосредно после нанесувањето на лимоновиот сок, бидејќи тој е фитотоксичен, односно ја зголемува чувствителноста на сонце.
ЈАБОЛКОВА КИСЕЛИНА И МАСЛИНОВО МАСЛО. Домашниот јаболков оцет содржи алфа хидроксилни киселини кои имаат избелувачки својства, а особено врз хиперпигментациските дамки. Ако вашата кожа е чувствителна, комбинирајте го со маслиново масло. Примена: помешајте малку јаболков оцет со маслиново масло и нанесете на дамките. Оставете да делува 20-тина минути, па исплакнете. Вашата кожа ќе биде мека и мазна.
СОК ОД КРОМИД. Кромидот содржи сулфурни соединенија кои делуваат како антисептик. Освен сулфур, кромидот содржи и киселини кои поттикнуваат чистење на кожата од сè што е сувишно. Ако вашата кожа е пречувствителна на лимон, тогаш сокот од кромид за вас ќе биде вистинското решение.
ПРИМЕНА: Излупете еден кромид и ситно исечкајте го или изрендајте го. Ставете го во газа, па цврсто притиснете за да исцедете сок од него. Една лажица сок од кромид помешајте со две лажици мед, па со оваа премачкјате ги дамките. оставете да делува 15-тина минути, па исплакнете.
Применувајте 1-2 пати дневно. Втора опција е да го исечете кромидот, па со неколку парчиња да ги истриете дамките. Ова треба да го повторувате 2-3 пати дневно. За најдобри резултати потребно е да бидете упорни и редовни во подолг временски период, до посакуваните резултати.