Русите најмногу пијат чај од Ива трева и го сметаат за незаменлив. Ивиниот чај е чудо на природата кој ги лекува пациентите, ги подига тешко болните, а челично здравје им дава на здравите.
Оваа билка е богата со витамините А, Б, Ц и елементи во трагови, органски соединенија, јаглени хидрати, каротен, деривати на пектин, биофлавоноиди и феноли.
Ивиниот чај е добар за машкото, но и за женското здравје. Го јакне имунолошкиот систем, го подобрува видот и ги ублажува воспаленијата, убивајќи ги на тој начин патогените бактерии, а истовремено ги јакне крвните садови.
Меѓудругото, ја подобрува перисталтиката на цревата и го забрзува метаболизмот, придонесува за губиток на тежината и го нормализира крвниот притисок, се бори против лошиот холестерол и ги отстранува токсините од телото…
РЕЦЕПТ
Ивиниот чај се приготвува на следниот начин: Една лажичка сува билка се прелива со 200 мл врела вода. Се остава поклопено 10-15 минути, па се процедува и се пие.
Најдобро е ивиниот чај да се пие пред појадок, односно, утринското кафе да се замени со овој чај. Може да се пие трипати дневно по една шолја.
ИВА ТРЕВА
Ива трева (планинско подабиче, teucrium montanum) е повеќегодишна билка која расте разгрането до висина од 10 до 30 см. Стебленцата се претежно исправени и делумно дрвенести. Листовите се без петелки, со зелена и сивобела боја.
Цветовите се наоѓаат на врвовите од гранчињата во соцветија со светложолти венечни ливчиња, речиси бела боја. Чашката е гола или ретко влакнеста со горчлив вкус и силен препознатлив ароматичен мирис.
Расте на суви, топли и карпести места, главно на висина од околу 800 м и повеќе. Најчесто расте на јужна страна.
За лек се собира надземниот дел од билката за време на цветањето. Се суши во сенка на проветно место. Се користи како сретство за јакнење, лекување на желудечни болести, болести на жолчната кеса и жолчните патишта.
Во некои наши краишта луѓето имаат неограничена доверба во лековитата ива трева, во оваа мала билка. Па оттаму и изреката: ива трева – од мртва прави жива.
Во состав на ива трева влегуваат горчливи материи, танини, метанол, петролејски етер, клороформ, етил ацетат, 1-бутанол.
Поради состојките често се препорачува за јакнење на имунитетот, а претставува и одличен избор за луѓето кои се изложени на силен стрес. Поради горчливите материи помага кај многубројни болести на желудникот и ја олеснува подуеноста.
Со своето антисептичко делување ги уништува патогените микроорганизми, ги отстранува штетните материи во цревата и желудникот. Делотворна е кај болести на устата и грлото, разни инфекции, габички и афти.
Чајот од ива трева лекува грчеви и ја чисти крвта. Се употребува и против сите видови грозници, а помага и во лекувањето на шеќерна болест.
Според новите истражувања, нивото на антиоксидативни соединенија во чајот се подеднакви на оние што ги содржат гинкото и зелениот чај кои се познати по извонредната лековитост.
Тинктурата од ива трева помага кај хемороиди, болести на црн дроб и жолчно кесе, бидејќи поттикнува проток на жолчната киселина.
Како бања поволно делува врз кожата, особено кога станува збор за рани и промени на кожата. Многу е популарна во облик на балзам за ублажување на ревматизам.
Која болест и да ве мачи, обидете се во лекувањето да ја додадете ива треба, бидејќи таа е универзален лек.