Фото и рецепт: Даниела

Двете билки кои се користат за овој мевлем се многу, многу лековити, а заедно кантарионот и ајдучката трева имаат уште поголем ефект.

Рецептот е од Бога даден и го добивате кога најмногу ви е потребен! Го правам со години и сигурно ви гарантирам дека лекува рани и кашлица… се пие по една лажичка и кашлицата се смирува. Се повторува два –три дена.

Сега е време на цветање на ајдучката трева и кантарионот, малку задоцнија оваа година, но периодот што следи може да се наберат свежи.

Потребни состојки:

40 цветови кантарион
10 цветови ајдучка трева
500 мл маслиново масло
стаклена тегла

Постапка:

Се собираат 40 цветови од кантарионот да не бидат прецветани. Исто се собираат и 10 цветови од ајдучка трева и се ставаат во тегла. Се налеваат со масло, се затвора теглата и се става на сонце 40 дена. После 40 дена се процедува и се собира во темно шише по можност стаклено и се чува во темна просторија.

Ова лековито масло се користи за дезинфекција на рани и посекотини. Ја храни и ја обновува оштетената кожа и не дозволува да се направат лузни.
Се користи за смирување на кашлицата, па затоа добро е секој да си го има во својата домашна аптека.

Дури имам прочитано дека се користи како облози кај мали бебиња кои имаат стомачни грчеви.
Цветовите е важно да бидат свежи и да се процеди маслото после 40 дена.

Цветовите на ајдучка трева е полесно да се избројат. За кантарионот зависи од неговата развиенот, обично има по три цвета на едно стебленце. Но горе-долу и да има вишок или помалку, не игра голема улога. Важен е односот помеѓу кантарионот и ајдучката трева. Важно е цветовите да бидат целосно покриени со маслото.

ВАШИ КОМЕНТАРИ

Ова се нарекува ангелска порака! Веќе со денови барам рецепт за кантарион и маст од ајдучка трева: моето дете има атопичен дерматитис (алергија која чеша и цело е со рани по телото). Ви благодарам од срце за овој рецепт!

Овој рецепт е пратен од Бога. Благодарам, поздрав…

Бог ни ја дарил природата и затоа да искористиме се што може да помогне. Овој рецепт го користиме многу години и секогаш помага. Мојот брат имаше исечено нога со моторна пила и без никакво шиење и без антибиотик ниту серум раната се затвори и има едвај видлив белег. Раната постојано беше покриена со овој мевлем и целосно заздрави. Сакав само да дадам пример колку може да помогне овој лек од Бога.

Истиот рецепт без мерка: само полнам шише наизменично со кантарион и ајдучка трева (кај нас ја викаат комитска) и го дополнувам со маслиново масло. Меѓутоа, за таа намена користам суви цветови за подобра екстракција на етеричните масла и во темно шише на сонце 40 дена.Сето друго кажано е вистина. Лечи многу кожни инфекции.

Да надополнам и јас нешто за лековитоста на маслото. Сум го правела само од кантарион пред доста години, а во последно време многу е тешко да дојдам до чист кантарион… лековитоста на вака приготвеното масло, добро затворено, трае до 2 години. Покрај се’ што е наведено, маслото може да се користи за масирање при болки на половината, лумбаго и ревматизам. Се користи и за изгореници од сонцето. Може да се користи и при повреди и кај животни; посекотини, рани итн.

Легенда е дека старите Христијани го поврзувале мирисот и бојата на сокот од цветовите на кантарионот со раните и крвта на Исус. Ја посветиле тревката на Свети Јован и така го добило името St. John’s Worth (на англиски).
Од книгата на Марија Требен “Божја аптека”, која за мене е втора Библија.