Една читателка се пошегува дека уште малку па ќе мораме да им готвиме супи и манџички на нашите билки за да можат да „раѓаат“, а вистината не е далеку од тоа, бидејќи секоја година почвата е сè посиромашна и посиромашна со нутриенти.
Билките немаат сила да растат бидејќи почвата, водата и вопздухот не се повеќе она што биле некогаш. Во налет на очај, голем број земјоделци посегнуваат по агресивни средства кои се многу штетни и токсични не само за нив самите, за растенијата, туку оставаат и долгорочни последици по животната средина.
„Земјоделскиот труд не се исплати доколку не ги прскаме растенијата со овие хемикалии и тоа по неколкупати“, честопати можеме да го слушнеме овој изговор, па токму поради тоа се заробуваме во магичен круг од кој тешко се излегува.
На крајот, можеби земјоделците ќе добијат крупен плод и принос кој им се исплати, но самиот тој производ е толку многу истретиран со хемикалии што повеќе не е здрав за јадење. Почвата и водата исто така се загадуваат. Доколку не сакате ова да се случи, преминете на органско производство.
Ова е само еден од многуте ефикасни рецепти со чија помош можете да ги обновите вашите растенија и да го зголемите приносот на доматите, пиперките, краставиците, модрите патлиџани, боранијата и другиот зеленчук.
Овој органски додаток е одличен за нашите растенија, бидејќи содржи комплекс на супстанции корисни за билките. Ќе им го зголемите имунитетот и ќе ги направи отпорни на болести и стресови од суша, ќе ги излечите од разни габични заболувања, ќе ги избркате штетниците.
Со оваа природна прихрана ќе им дадете калиум, фосфор, азот и сулфур, кои се толку многу важни за здрав раст и развој на растенијата. Ќе им се зголеми цветањето и плодноста, а потребни ви се само неколку состојки кои веќе ги имате дома:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 3 ловорови листови, 3 неизлупени чешниња лук, 500 мл топла вода. ПОСТАПКА: Состојките ставете ги во стаклена тегла и залијте ги со половина литар врела/топла вода. Затворете ја теглата со капак и оставете ја на собна температура да отстои 24 часа.
Повремено протресувајте ја теглата за да се ослободуваат лековитите супстанции во водата. Потоа процедете и добиената течност растворете ја во два литри вода. Со овој раствор можете да ги прскате билките ако се болни или да ги полевате во коренот за да се зајакне коренскиот систем. Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ.