Кога последен пат си направивте убава бања? Но не ледена за закрепнување после напорен тренинг – туку топла бања за релаксација и опуштање на мускулите. Пред една седмица, месец, година? Предолго!? Бара подолго време, па поскоро ја заменувате со брзиот туш…
Но, судејќи според најновите истражувања, постојат големи предности за подолговремено потопување во топла вода. Редовните топли бањи можат да го намалат притисокот бидејќи предизвикуваат дилатација, ширење на крвните садови, а со самото тоа превенираат срцеви заболувања.
Исто така, топлата вода позитивно влијае врз вашите капилари и кожата, со што се регулира нивото на азот-моноксидот во вашите периферни центри.
Едно посебно истражување покажало дека зголемувањето на телесната температура и за „само“ еден степен целзиус – вашето тело согорува и до 140 калории – исто колку половина час лесна прошетка. И навистина, резултатите покажуваат дека топлите бањи трипати седмично водат до губиток на вишокот килограми и намалување на срцевите заболувања предизвикани од дебелина.
Сето ова е повеќе од добра причина да што поскоро се потопите во миризлива топла бања.
Секако, ова важи за здрави луѓе. Срцево болни луѓе со болни крвни садови, мора претходно да се посоветуваат со својот лекар.