Понекогаш се соочувате со дамки кои едноставно не сакаат да попуштат. Се обидувате со разноразни средства, но, тие и понатаму се таму каде пшто биле.
Може да потрошите многу време, нерви и пари за средства за одмастување, бадијала. Ние ќе ви споделиме супер едноставно, а ненормално ефикасно решение за отстранување на дамките.
Потребни состојки:
сапун
сода бикарбона
3% хидроген
шишенце со распрскувач
сад за складирање на течноста
Чекор 1
направете мешавина од сапун и водореден пероксид во однос 1:2 (1 дел саун, два дела хидроген)
Чекор 2
Додадете една лажица сода бикарбона.
Чекор 3
Мешавината нанесете ја врз дамката и лесно протријте со четка за заби.
Чекор 4
Оставете да отстои најмалку еден час.
Чекор 5
Облеката оставете ја во корпата заедно со другите валкани алишта и исперете ги во машина.
Чекор 6
Обесете ја облеката да се исуши или во машина за сушење.
Чекор 7
Ако ви останало од средството, скалдирајте го во херметички сад и чувајте го на ладно и темно место.