Многумина немаат обичај да пијат чаеви, особено не во летниот период. Билните чаеви честопати потсетуваат на болест, на нешто што „мора“ да се пие кога имаме некакв проблем, и затоа некои луѓе немаат навика да ги пијат овие топли напитоци.
Ова делумно е вистина, бидејќи кога станува збор за билните чаеви, потребно е да се знае како точно тие се приготвуваат и по колку чаши дневно треба да се испие за да го имаат посакуваниот ефект.
Исто така, секоја билка поседува одредено количиство на активни материи кои имаат различно дејство врз организмот, па затоа, после одреден период потребно е да се направи пауза, пред повторно да се започне со кон-сумација.
Во некои култури редовно се застапени некои видови чаеви, како што се зелениот или црниот чај, некои ароматични или чаеви кои ја помагаат дигестијата, а истите ги пијат наместо кафе, после или помеѓу оброците.
Билните чаеви имаат благотворно дејство врз човековиот организам и здравјето на човекот. Покрај тоа што имаат способност да лекуваат или да помогнат во некоја лечи-телна терапија, тие честопати имаат и сми-рувачки ефект.
Чајот од куркума и ѓумбир е еден од најздравите чаеви кој сè уште не може да се купи како готов производ во филтер ќесичка (можеби во иднина ќе го има). Овој чај во себе содржи две состојки кои се едни од најздравите во светот: ѓумбирот и куркумата.
Чајот од ѓумбир последниве години стана доста популарен поради своите докажани својства, па дури и производителите започнаа да го додаваат во разни овошни комбинации, а речиси е задолжителна компонента на зимските мешавини, заедно со циметот.
Ѓумбирот благопријатно делува врз дигестивниот систем, а се смета и за природен лек за ош-тетена слузокожа на желудникот при гастритис. Може да ги опушти мускулите и со тоа да спречи гасови и подуеност.
Исто така, утврдено е дека ѓумбирот е многу ефикасен кога станува збор за настинки и кашлица. Го намалува нивото на холестерол, поттикнува периферна циркулација, има дејство и врз притисокот, а помага и во. спречување на згуснувањето на кр-вта, со што се намалуваат ризиците од појава на некои срцеви болести.
Куркумата пак, како природен лек се користи многу одамна во некои култури, а неодамна и кај нас стана многу позната намирница. Поретко, а може да се каже, дури ни воопшто, не може да се најде како свеж корен кај нас, но затоа пак, го има во прав и како составен дел на многу зачини.
Има силна жолта боја која може да ја обои кожата или површината на која ќе капне. Куркумата е најпозната по својата способност да ги сми-рува воспалителните процеси во организмот. Содржи активна состојка куркумин која има силни антиоксидативни и антивоспалителни својства, пишува НМД.мк
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 литар вода, 5 см свеж ѓумбир, 1 лажичка куркума во прав, 1 лимон, мед по желба, прстофат црн пипер, стапче цимет, неколку капки кокосово или маслиново масло
Постапка за приготвување на чајот: ставете ја водата на оган да зоврие, а ѓумбирот добро измијте го, излупете гои и изрендајте го. Во зовриената вода додајте го ренданиот ѓумбир и оставете да врие пет минути. Потоа додајте ја куркумата, циметот, и црниот пипер и продолжете со варење уште 2-3 минути. Оставете некое време да отстои, процедете, па додајте лимонов сок, неколку капки масло и мед по желба.