„Оваа „тајна“ ја знаат само искусните домаќинки, ама денес се чини дека е заборавена“, вели еден фурнаџија. Порано беше сосем нормално да се јаде вчерашен леб, малку потсушен со крцкава и тврда кора, но денес се чини дека никој не сака да јаде леб и печива стари ниту неколку часови.




Пред да купат леб или печива сите прашуваат дали се денешни и кога биле испечени. Кога го прашуваат пекарот дали печивото е свежо, всушност мислат на тоа, дали е тукушто излезено од рерната.




Во продавниците свежината се проверува со „допирање“ или притискање на печивата, па така во секоја продавница ќе видите таканаречени „професионални пипала“, а најчесто постарите луѓе кои со оваа техника проверуваат десетици лебови пред да ги купат.




Ако по притискањето тестото брзо се врати во првобитната состојба – свежо е. Ако остане „сплескано“, подобро заобиколете го. Ако го правите лебот дома, сигурно сте забележале дека тој обично побрзо „старее“ и станува сув и ронлив за разлика од оној од пекарницата.




Која е тајната? Каква состојка додаваат пекарите, па тестото останува свежо и меко како памук долго време? Во голем број пекарници се користат разни адитиви, но во некои други сè уште се подготвува тесто на традиционален начин.




Тие користат една неочекувана состојка која речиси сите ја имаме дома, а тоа го знаат само професионалците. „Можете да го продолжите рокот на траење на пекарските производи, лебот, мафините и колачите со додавање на лажица мед во тестото.




Благодарение на оваа тајна состојка, мафините, лепчињата и лебот остануваат долго време свежи и не се распаѓаат“, објаснува професионалниот готвач од „Haggis Pub & Kitchen“. А, за да порасне убаво тестото и да биде еластично користат една друга состојка.




Искусните готвачи познаваат неколку мали тајни од кујната, но многу важни, а кои ги користат секогаш кога замесуваат тесто, и на тој начин го заштитуваат од ненадејно сплеcнување или да не стаса и да не порасне убаво.




Ова се нивните совети, односно поуки треба да направите или да ставите, за вашите теста да бидат исти како од најдобрите ресторани:

Пред воопшто да започнете со месење на тестото, треба да ги подготвите сите состојки, па дури и садот во кој ќе месете, кој патем треба да биде беспрекорно чист и сув. Извадете го путерот да омекне на собна температура, а истото важи и за јајцата. Не ги користете јајцата директно од фрижидер, особено не кога приготвувате тесто.




Доколку тестото го подготвувате со квасец, истиот бара шеќер и топлина за да може да се активира. Секогаш замесувајте го со млако млеко или млака вода, а газирана вода доаѓа во предвид летно време или на собна температура. Истото важи и за јогуртот.




И за крај златниот совет на искусните готвачи гласи: Во секое тесто ставајте по една лажица јаболкова киселина или каков било овошен оцет. Здраво е, тестото подобро нараснува, а покрај сè, тоа ќе добие одличен вкус.