Исклучително вкусни ЈАФА ОБЛАНДИ…За секакви пригоди, овој рецепт секој треба да го има…Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
200 мл млеко
1 маргарин од 250 г
400 г шеќер
1 смрзнат портокал
500 г мелени бисквити
150 г ситно сечкани ореви
100 г чоколадо
200 г чоколадо за глазура
ПОСТАПКА:
1.Во тенџере ставете шеќер, млеко, маргарин и чоколадо. Ставете на оган да се растопи до точка на вриење, па тргнете го тенџерето настрана. Додајте рендан портокал, мелени кекси и ореви.
2.Добро промешајте енергично за сето да се соедини.
3.Филувајте ги обландите, одозгора ставете потисок додека да се стегнат и на крај залијте со глазура од растопено чоколадо во кое сте додале 1-2 лажички масло. Рецепт на Нена Ср.