Доколку сакате брзо да ослабете, треба да внимавате на вистинската храна и зачестеноста на нејзиното внесување.

Според некои извори, наводно овој план за слабеење е дизајниран специјално за вработените во General Motors, но самиот диет-план е многу популарен во целиот свет и многумина досега го имаат испробано.

Ваквиот начин на исхрана помага да изгубите и до 4 килограми за кратко време, доколку направите сè како што треба. Главни правила: не прескокнувајте оброци, не гладувајте. Ако ви се јаде, јадете.

ЕФИКАСНА ДИЕТА ЗА 7 ДЕНА

Понеделник

Јадете овошје во понеделник. Изберете го оној вид плодови кој најмногу ви се допаѓа. Бананите се исклучок, тие се исклучени поради високата калорична вредност. За оваа диета најпогодни се зелените јаболка, портокалите, ананасот и сливите.

Не заборавајте да пиете најмалку 1,5 литри негазирана вода. Направете овошна салата доколку сакате. Главната работа не е да гладувате, туку целиот ден да јадете овошје.

Вторник

Вторник е ден на зеленчук. Може да се јаде сиров или варен. Ако сакате да го готвите, не додавајте сол и масло (строго придржувајте се кон ова правило).

Варен компир можете да јадете еднаш. Најдобри се: зеленолиснатиот зеленчук, морковите, брокулите, целерот, краставиците, тиквата, спанаќот, зелката и модриот патлиџан. Пијте вода. Чувствувајте се како вегетаријанец.

Среда

Во среда јадете овошје и зеленчук, но само одделно. Не можете да јадете компири и банани. И почитувајте го правилото за консумација на овошје: само на гладен стомак, а после него не смее да се јаде ништо друго најмалку 40 минути.

Препорачуваме да направите овошна салата за појадок, а салата од зеленчук за ручек. Во вечерните часови, изедете неколку од вашите омилени овошја или зеленчук..
Пијте многу вода.

Четврток

Во четврток ќе се освежите со банани. Во текот на денот ќе мора да изедете околу 8 банани, како и да испиете 3-4 чаши млеко. Распоредете ги оброците на еднакви временски интервали, со „главни“ и „ужини“.

Петок

Денот на доматите. За ручек – 1 чаша варен ориз. Мора да изедете 7-8 домати наутро и навечер. Бидејќи ќе се излачи многу урична киселина, на овој ден мора да пиете вода повеќе од вообичаено.

Сабота

За ручек повторно ориз во иста количина. И продолжете со исхраната со овошје и зеленчук.

Недела

Згответе малку ориз во недела. Јадете зеленчук цел ден. Мора да испиете најмалку 3 чаши вода. Ако строго ги следите овие препораки, резултатот брзо ќе биде видлив. Кај некои се случува да изгубат дури 8 килограми, а просекот е 4 кг.

Треба да се запамти дека ако имате какви било проблеми со дигестивниот систем, тогаш диетата е контраиндицирана за вас. Исто така, не треба да се придржувате до оваа диета повеќе од една недела и да го спроведувате циклусот почесто од еднаш на секои шест месеци.

Споделете ја со вашите пријатели оваа прекрасна диета со која можете брзо и ефикасно да ослабете!