Ви пренесуваме рецепт за оброк кој ги чисти маснотиите и другите фекални остатоци од несварена храна во цревата и на тој начин ја намалува тежината и ја регулира стомачната киселина.
Главните состојки на оваа сè попопуларна „Витаминска салата“ која го збогатува организмот со витамини и минерали се влакната и пектинот.
Намирниците што ви се потребни се лесно достапни и евтини.
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
– Зелка
– Репка
– Морков
– Сок од лимон
– Маслиново масло
ПОСТАПКА:
Изрендајте ги зелката, репката и морковот во сооднос 3: 1: 1. Додајте билки по ваш вкус (магдонос, целер…). Измешајте го зеленчукот за да се ослободи сокот. Потоа додајте малку сок од лимон.
На крајот додајте маслиново масло или друго растително масло по ваш избор, но сосем малку, 1-2 лажици, бидејќи маслиновото масло иако е многу здраво, сепак изобилува со многу калории. Не солете ја салатата.
Тоа е тоа! Вашиот оброк е готов, јадете ја оваа салата за вечера три дена и ќе ги видите првите резултати кои ќе ве воодушеват!