Дали знаете какво влијание врз организмот има топлата вода во која сте додале малку мед и јаболков оцет?

Ова се 9 начини за искористување на мешавината од мед и вода за да постигнете одлични резултати во однос на здравјето и изгледот.

-Може да помогне во диетите за слабеење

Шеќерот во медот е природен и здрав извор на калории. И не само тоа, оваа комбинација ќе ја намали и зголемената желба за слатки.

-Го подобрува варењето

Медот и водата ја регулираат функцијата на дигестивниот систем. Антисептичките својства на медот го помагаат варењето и во комбинација со вода ја омекнуваат столицата.

-Зајакнување на имунитетот

Медот има неверојатна способност да ги неутрализира бактериите. Посебно се препорачува органски мед, бидејќи содржи најголема количина на антибактериски ензими, минерали и витамини. Медот е исто така одличен антиоксиданс кој помага во борбата против слободните радикали.

-Ги намалува алергиите

Природниот мед (локален, од регионот во кој живеете), му помага на телото да се прилагоди на поленот. Водата е опционална во овој случај, но не штети да останете хидрирани.

-Ја зголемува енергијата

Не мора да посегнувате по кафе за да се разбудите – само измешајте мед во топла вода. Оваа здрава комбинација може да ви го врати ентузијазмот и енергијата.

-Ја смирува болката во грлото и ја ублажува кашлицата

Топлата вода и медот може да ја смират иритацијата на грлото и кашлицата, според препораките на реномираната клиника Мајо.

-Детоксификација

Медот и водата му помагаат на вашето тело да ги елиминира токсините и сето она што не успеало да се исфрли од цревата. Врз добрата дигестија влијае и јаболковиот оцет или лимоновиот сок, кој му помага на телото да се детоксицира.

Ако додадете лимон во медот и водата, ефектот ќе биде значително многу подобар. Киселината во лимонот позитивно влијае на функцијата на ензимите и го стимулира црниот дроб.

-Ги намалува гасовите и подуеноста на стомакот

Се чувствувате отечено и надуено? Побарајте помош од топла вода, мед и лимон (или јаболков оцет). Во чаша топла вода растворете една лажичка мед и една лажичка оцет/лимонов сок.

-Го подобрува здравјето

Топлата вода и медот не само што ја подобруваат хидратацијата, туку можат да го зголемат нивото на добриот холестерол и да го намалат ризикот од срцеви заболувања.

Прочитајте: „Ова ги празни цревата за 6 часа и темелно ги чисти како под силен млаз“ОВДЕ.