Природните методи можат да бидат корисни како дополнение на конвенционалните лекарства при заболувањата на штитната жлезда.
Покрај препорачаните лекови од страна на вашиот лекар, можете да испробате и некои од природните лекови кои исто така можат да бидат корисни.
Билките кои најчесто се препорачуваат да се јадат се: маточина и вербена. Иако звучи чудно, сепак овие две билки помагаат и при хипертиреоза, состојба која се карактеризира со преголемо ниво на тиреоидни хормони, затоа што имаат способност да го регулираат нивото на овие хормони, без разлика дали е прениско или превисоко. Еве неколку природни методи за лекување на хипотиреодизмот:
ГОРЧИЦА (Gentiana officinalis).
Фармакологот д-р Даниел Мовреј вели дека горчицата содржи горчливи состојки за кои се знае дека ја нормализираат функцијата на штитната жлезда.
Тој ја предлага оваа билка како главна состојка за неговата тиреоидна формула која се состои од следната мешавина: горчица, чили пиперка и ламинариа (Laminaria или Fucus vesiculosis).
ЛАМИНАРИА (Fucus vesiculosis).
Оваа алга е богата со јод, клучниот минерал кој организмот мора да го поседува за да може да произведе тиреоидни хормони.
Урологот д-р Џејмс Балч и неговата жена Филис, сертифициран нутриционистички советник, ја препорачуваат морската ламинарија за лекување на хипотиреодизмот.
Вклучувањето на ламинаријата во секојдневната исхрана може да има голема корист зошто содржи бројни минерали како што се: јод, алгин, калиум, бром, манитол, зиаксантин, бета-каротин, испарливи масла и др.
Исто така, ако не сте во можност да ја купите оваа алга, Келп алгата е исто така многу ефикасна.
ЦРН СИНАП, БЕЛ СИНАП И ДР.(Brassica nigra, Sinapis alba).
Покрај високата содржина на јод, тиреоидните хормони содржат и соединение- тирозин.
Листовите на црниот синап е најдобар извор на тирозин за кој што е познато, со 1,9 % сува тежина.
Еве во кои други билки се содржи тирозинот дадени според низа на опаѓање: рогач, никулци од грав, соја, овес, кикирики, спанаќ, поточарка, сусам, власец, семки од кајсија и зелка.
РОТКВИЦА (Raphanus sativus).
Ротквицата со години се користи во Русија за лекување на обете заболувања на штитната жлезда, тврди антропологот д-р Џон Хинерман.
Руските истражувачи откриле дека соединението кое го содржи ротквицата, рафанин, ги одржува тиреоидните хормони во рамнотежа.
Доволни количини од ова соединение во крвта овозможува нормално лачење на хормоните од штитната жлезда.
КАНТАРИОН (Hypericum perforatum).
Како што многу фармацевтски антидепресиви, и оваа билка исто така е инхибитор на моноаминската оксидаза (МАО).
Депресијата е вообичаен симптом на хипотиреоидизмот, па може да помогне доколку лицето пати од депресија.
Луѓето кои редовно примаат МАО инхибитори или користат лековити билки кои што ги содржат, мораат да одбегнуваат одредени намирници: алкохол, димени производи, туршија, како и некои лекарства, вклучувајќи ги лековите за настинка и поленска грозница, амфетамини, наркотици, триптофан и тирозин.
Исто така, трудниците не смеат да користат кантарион, а сите би требало да го одбегнуваат доколку се изложуваат на сонце, зошто оваа билка може да влијае врз чувствителноста на кожата.
ОРЕВ (Juglans, различни видови).
Во турската народна медицина, оревите се користат како лек за различни тегоби со жлездите, вклучувајќи ги и проблемите со штитната жлезда.
Во едно истражување, свежиот сок од зелените оревчиња, (20 минути готвени зелени оревчиња во вода, па прецедени), влијаел врз покачувањето на нивото на тироксин за најмалку од 30%.
Во Македонија постои народен лек кој се подготвува со зелени оревчиња.
Покрај интезивниот ефект што го има зелената обвивка на оревот, исто така можете да го јадете и неговиот плод и да го користите оревовото ладно цедено масло.
ФИНСКИ МЕВЛЕМ
Овој едноставен но многу ефикасен лек за прочистување на штитната жлезда се користел во финските болници, за подобрување на состојбата на лицата заболени од хипотиреоза.
Две супени лажици хељдино брашно одвечер да се прелијат со една чаша кефир и да се остави да преноќи. Наутро оваа мешавина треба да се изеде на гладно.
Постапката да се повторува секој ден до подобрување на состојбата.