Исфрлете ја мокрачната киселина од телото и излекувајте го гихотот со овие три народни лекови кои проверено делуваат.

Реагирајте навремено, не трпете болки и неугодности, искористете ги овие народни лекови и ослободете се од проблемите кои ги создава гихтот.

Таложењето на кристалите од уричната киселина може да предизвика болки во зглобовите, па дури и гихт. Ова се неколку совети за елиминација на кристалите и прочистување на зглобовите.

Гихтот е инфламаторен облик на артритисот кој доаѓа во пароксизмален облик со црвенило, оток на зглобот и болка на зафатеното место.

Понекогаш и најмалите движења може да бидат болни, се чувствува вкочанетост и отоци по телото. Честа причина за гихт е вишокот мокрачна киселина во организмот.

Кога бубрезите не си ја вршат добро својата работа и не можат да ја елиминираат уричната киселина од организмот, тогаш таа се кристализира и се таложи околу зглобовите. Тоа доведува до почеток на воспалителен процес.

КАКО ДА СЕ ЕЛИМИНИРА МОКРАЧНАТА КИСЕЛИНА ОД ТЕЛОТО?

Лицата кои имаат вишок мокрачна киселина во телото, мораат да го променат начинот на исхрана. Храната мора да биде базирана на свежо овошје и зеленчук. Морски плодови, месо и алкохол, како и преработки од шеќер доведуваат до зголемување на уричната киселина во телото.

Не заборавајте да пиете што повеќе вода. Добро е да се консумираат и природни сокови, но и билковни чаеви.

Ова се најефикасните лекови за елиминација на мокрачната киселина од телото:

СОДА БИКАРБОНА

Измешајте половина лажичка сода бикарбона во една чаша вода. Пијте го ова еднаш дневно, најдобро наутро на гладно. Ако веќе имате гихт, пијте по цела рамна лажичка сода бикарбона растворена во чаша свежа вода.

ЛИМОНАДА

Лимонадата го алкализира телото и му помага во одбегнување на голем број здравствени проблеми, вклучително и гихт. Секое утро на празен стомак пред појадок испијте 200 мл топла вода помешана со сок од половина лимон. Повремено правете паузи од по 10-тина дена.

ЈАБОЛКОВА КИСЕЛИНА

Јаболковата киселина делува слично како и лимонадата. Помага за алкализирање на телото. Растворете една лажица јаболкова киселина во 200 мл вода и пијте 2 пати дневно, една чаша пред ручек, а втора пред вечера.

Намирници кои елиминираат вишок урична киселина:

-куркума
-ананас
-ленено семе