Дали има поздрава работа од овие две намирници: лук и мед? И двете состојки мора да се консумираат во суров облик, а експертите велат дека оваа мешавина може да спречи дури и појава на најтешки болести како што е ракот.

КАКО СЕ ПРИГОТВУВА ОВАА ЛЕКОВИТА МЕШАВИНА?

Медот само ги засилува корисните својства на лукот и го неутрализира “непријатниот” мирис. За само една седмица секојдневно консумирање на мед со лук на празен стомак, вие значително ќе го подобрите вашето здравје.

Потребни состојки:

1 шолја пчелин мед (околу 150 мл)
10 чешниња лук
1 полна лажица црвен лут пипер (по желба, не мора)

Постапка:

Лукот исчистете го и сомелете го во блендер или исечкајте го најситно што можете. Ставете го во стаклена тегла, па постепено додадете го медот со постојано мешање. Додадете го и кајенскиот пипер доколку сакате, но не е задолжително во овој рецепт. Кога убаво ќе ги промешате двете состојки затворете ја теглата и оставете ја на ладно место една седмица.

Овој лек треба да се консумира секој ден во текот на една седмица, наутро на гладен стомак по една лажица. Потоа направете пауза од неколку седмици, па повторете ја постапката. Еве што ќе постигнете со негово консумирање:

-ја подобрува циркулацијата на крвта

-го нормализира крвниот притисок

-го намалува нивото на “лошиот” холестерол во крвта

-ги намалува воспаленијата

-го зајакнува имунитетот

-ја смирува кашлицата

-го лекува организмот од настинки или грип

Напомена: Додека го користите овој лек, избегнувајте масна храна, шеќер и брза храна.