„Ако луѓето се обидуваат да те бутнат, тоа значи дека си над нив“ вели една стара мудра изрека. Во денешниот свет кога луѓето забрзано трчаат по успех, слава и моќ, насекаде се среќаваме со интриги.

Моралот и правдината полека исчезнуваат, фер-играта стана мисловна именка, а газењето преку сите само да се стигне до целта, стана приоритетна потреба. Суетата стана дел од сечив работен ден, а завист и љубомора на многумина им се испишува на челото.

Непрадите поминуваат неказнето, а оние малкумина чесни луѓе што останаа не знаат што да прават во ваквиот свет, каде владее неферска б орба за опстанок. Кога во таа игра, со својата работа, труд и на чесен начин ќе успеете да ги поминете оние амбициозните и главно без покритие самоуверените, тие ќе почувствуваат желба за освета.

Ќе започнат со своите интриги, сплетки и ќе се обидат да ве изофираат со оговарање и двосмислени изјави и провокации, за да го изгубите владеењето врз себе и да се спуштите на нивно ниво. Доколку ви се случи вакво нешто, мора да знаете само едно – игнорирањето е мајка на сите освети.

„Кога човекот е игнориран, тој се прашува зошто. Доколку ваквата повратна реакција ја предизвикал со очигледна лоша намера, тоа дополнително нема да му даде миp“, вели психологот Елизабет Мајер. Ќе се прашува што мислите, кој ќе биде вашиот следен чекор, зошто сте направиле вака или онака, дали се обзнаени во нивните намери…

Поради сето тоа, на крајот потполно ќе се изгубат и ќе си се осветат сами на себе. Осветата никогаш не е вистинскиот пат. Таа е како шума – иако е изгубен правецот, ќе заталкате и ќе заборавите од каде сте тргнале.“ Една стара изрека вели: „Сè што е потребно за триумф над злото, е добриот човек да не направи ништо“.

Тоа се однесува на изостанок на реакција на туѓите пакости. Кога на нив воопшто не реагирате, туку глумите како воопшто да не се случиле или дека тие личности не постојат, тогаш пакосните луѓе и нивните дела немаат апсолутно никакво влијание врз вас. Сфаќаат дека сè што направиле е залудно и дека не допираат до вас. Еве како постапуваат интелигентните луѓе:

ГОВОРАТ ПРЕКУ СВОИТЕ ДЕЛА. Не дозволувајте емоциите да управуваат со вашите постапки осветата да стане лична работа. Подоцна ќе се чувствувате лошо поради тоа, па затоа правете го она во што сте најдобри, без сувишни разговори за оние луѓе кои впрочем се неважни.

НЕ СЕ ИЗОЛИРААТ. Кога се нападнати, особено од некоја блиска личност, повеќето луѓе тежнеат кон повлекување и изолација. Токму тоа е целта на пакосниците, да се повлечете како вие да сте виновни, а пропратно на тој начин им го олеснувате патот да го земат под свое остатокот од вашето опкружување.

НЕ ВОЗВРАЌААТ ВЕДНАШ. За да избегнете да бидете етикетирани под изреката „Напад е најдобра одбрана“, оставете ги работите да мируваат некое време. Впрочем, кога ќе се изнервирате вие ги покажувате вашите слабости и на тој начин го храните оној кому токму тоа му е целта.

Кога ќе дојде вистинско време за тоа, мудрите луѓе со двосмислени изјави даваат до знаење дека се свесни за каква личност станува збор, за да им докажат дека не се слепи и дека тоа нема да можат да го повторат без последици.

СТАНУВААТ УШТЕ ПОУСПЕШНИ. Ништо повеќе од ова нема да го повреди пакосниот човек, отколку туѓата среќа. Тоа е уште една во низата причини зошто интелигентните луѓе стануваат уште поуспешни кога некој се обидува да ги повлече на дното.

Најлошо нешто што можете да направите е да возвратите со иста мера, но во тој случај не сте ништо подобри од оној кој ви прави зло. А како што кажа еден острошки игуман, злото со зло не може да се поправи. Затоа, не валкајте се во туѓа кал и работете само по сопствена совест.