Во болницата на Пожега починал маж кој консумирал билка која самиот ја набрал мислејќи дека е див лук. Станува збор за многу отровниот Мразовец кој по форма е многу сличен на дивиот лук.
“Од Општата болница во Пожега соопштија дека 60-годишен маж починал од труење со билката мразовец. Следи дополнителна истрага”- изјавиле од полицијата.
Ова е прва овогодишна смрт од консумација на самоники билки во регионов, во случајот овој маж мислејќи дека бере див лук (сремуш), тој ја набрал отровната билка Мразовец.
Едната е многу лековита, а втората е многу отровна. Двете билки се многу слични во листот, а понекогаш заедно растат.
Како изгледа мразовецот?
Има кратко стебленце, тенки листови, а цветот е сличен на шафран. Цвета кон крајот на летото. Консумацијата доведува до труење слично на труењето со арсен. Се јавуваат грчеви, дијареа, повраќање и респираторен застој кој може да заврши кобно како во овој случај.
Труењето со мразовец е особено опасно ако после првите симптоми не се побара веднаш лекарска помош, бидејќи после 24 часови доаѓа до оштетување на срцето, бубрезите, слезината и белите дробови, а конечниот исход може да биде смрт.
Ако не сте сигурни – подобро не берете!
Дивиот лук е самоника билка која се бере напролет. Расте главно на влажни ливади и падишта. Берачите го наоѓаат на осојни места покрај шуми и меѓу грмушки.
Мразовецот повеќе сака сонце, но е исклучено да се најде и наткви места, токму покрај дивиот лук.
Цвета со бели цветчиња и препознатлив е токму по мирисот, бидејќи во негова близина се чувствува мирис на лук. Ако некој не е сигурен дали тоа е вистинската билка, доволно е да се протрие листот или луковицата и да се појави силен мирис на лук. Доколку не мириса на лук, таквата билка не треба да се бере.
Бидете внимателни!