Фото и рецепт: Ана Чубела

За просото е важно добро да се измие, да се остави во вода преку ноќ и кратко да се свари на оган.

Потребни состојки:

250 г просо
200 г сланина
150 г фета (по желба)
7 јајца
2 лажички прашок за печиво
1 лажица маст
2 страка млади кромитчиња
зачини по желба

Постапка:

Просото се става на оган да се вари две минути (откако претходно добро се измило и отстојало во вода), па се поклопува тенџерето и се остава на страна да излади просото.

Исечкајте ја сланината ситно, а исто и кромидот. Прво пропржете ја сланината, додадете уште малку маст, а потоа и кромитчето. Тргнете на страна да подизлади.

Јајцата изматете ги пенасто, додадете прашок за печиво, а потоа додадете го просото и целата содржина од тавата заедно со маста.

Појадокот треба да биде покалоричен, а доколку внимавате на маститеили сте на рестрикција, тогаш не ја додавајте маста. Во оваа смеса може да додадете и фета сирење. Зачинете по вкус. Сол не се става затоа што и сланината и сирењето се солени. Подобро е подоцна да додадете сол ако недостига.

Смесата се излева во плех и се става да се пече во загреана рерна на 220 степени околу 10-15 минути или додека да зарумени. Всушност потребно е само јајцата да се испечат и вкусовите да се спојат.

Фото и рецепт: Ана Чубела