Ова е мојата песок торта и знам дека ова е еден многу лестите рецепти и дека се комбинира со сè, но јас едноставно ја обожавам и сите дома ми ја сакаат. Сите што ја пробале се воодушевени од неа и бараат рецепт… – Лара.
Потребни состојки: 1 литар млеко, 2 пудинг од ванила, 250 г шеќер, 3 ванилин шеќер, 1 чоколадо за готвење, 200 г мелени лешници, 200 г кокос, 200 г мелени бисквити, 1 кутија пепит бисквити, 2 шлаг пена и 250 г путер/маргарин
Постапка: Пудингот разматете го со малку млеко, а остатокот ставете го заедно со шеќерот да се свари. Со постојано мешање додавајте му го разматениот пудинг додека да згусне, а потоа тргнете го на страна да излади.
Кога пудингот целосно ќе се олади, помешајте го со пенасто изматен путер и ванилин шеќер, па добиениот крем поделете го на 3 еднакви дела. (Бисквитите нема потреба да ги натопувате во млеко, бидејќи кога тортата ќе отстои неколку часови во фрижидер, тие ќе омекнат од кремовите).
Во првиот дел додајте растопено чоколадо и лешници, во вториот кокос, а во третиот мелени бисквити. Редете: ред бисквити, прв фил со чоколадо и лешници, ред бисквити, втор фил со бисквити, ред бисквити, трет фил со кокос, ред бисквити, шлаг (целата торта декорирајте ја). / Сооlinarika.com
II РЕЦЕПТ Хит ЗЕБРА ТОРТА без печење – брза и едноставна подготовка за слатко кремасто уживање
Фотографија и рецепт на Александра Шуманова. Рецептот за овој многу вкусен колач за кој не е потребно печење, ни го претстави нашата драга членка Александра Шуманова во групата НМД рецепти.
Зебра колачите се многу популарни во последно време, а ова е еден од наједноставните, а откако ќе го пробате – мора да признаете – и еден од највкусните кремасти колачи.
Потребни состојки за бел крем: 1 литар млеко, 2 пудинг од ванила, 6 лажици шеќер, 1 лажица брашно, 2 лажици нишесте/густин, 1 ванилин шеќер, 1 лажица путер/маргарин и 100 г бело чоколадо.
Потребни состојки за чоколаден крем: 1 литар млеко, 2 пудинг од чоколадо, 6 лажици шеќер, 1 лажица брашно, 2 лажици нишесте/густин, 1 ванилин шеќер, 1 лажица путер/маргарин и 100 г црно чоколадо. За декорација: шлаг пена или изматена хопла и рендано чоколадо по желба
Постапка: За бел крем: Прашокот од двата пудинзи, една лажица брашно и две лажици густин измешајте со малку млеко кое сте го одзеле од 1 литар. Остатокот од млекото заедно со шеќерот и ванилин шеќерот ставете ги на оган.
Откако ќе зоврие намалете ја температурата, па додадете ја постепено смесата со постојано мешање. Варете додека да згусне. Во топлиот крем додадете го путерот и чоколадото искршено на коцки и мешајте додека да се растопи и стврдне. Истата постапка повторете ја и за чоколадниот крем.
Во калап за торти малку намастен со путер или обложен со фолија, наизменично со кутлача/црпалка редете еднаш од белиот, па еднаш од црниот крем. Секој следен слој се става врз претходниот.
Кога ќе се заврши со црпењето, односно кога ќе се потрошат двете креми, се остава во фрижидер убаво да се стегне. Пред послужување се декорира со шлаг. / Фото и рецепт: Александра Шуманова
III РЕЦЕПТ Освежителната торта која се топи во уста, без печење, се приготвува од само 4 состојки
Особено во летниот период сите сакаме да се заблажиме со нешто освежително, па овој рецепт кога еднаш ќе го пробате, ќе ви стане хит! Меѓутоа, толку е вкусен и лесен, просто е неодолив, па ќе си го правите и преку целата година.
Фотографија и рецепт на Габриела Миленкоска / НМД рецепти. Не треба ништо да варите, ниту да печете, сè се приготвува за многу кратко време, а на готовата торта доволни и се само 2 часа за да се излади во обичен фрижидер.
Рецептот за овој освежителен и суперлесен рецепт ни го откри нашата драга членка Габриела Миленкоска во групата НМД рецепти. Пробајте го, нема да ве остави рамнодушни.
Потребни состојки: 500 г бисквити, 500 г јагоди (овошје по желба), 500 мл јогурт и 500 мл слатка павлака
Постапка: Во еден поголем сад искршете ги бисквитите. Не е важна големината, може покрупно или поситно да ги кршите. Прелијте ги со јогуртот и оставете ги на страна.
Додека бисквитите го впиваат јогуртот, измијте го исечкајте го овошјето на поситни парчиња. Овошјето може да биде сезонско, по ваш избор. Освежителен вкус даваат јагодите, праските, кајсиите, малините, сите бобинки…
На страна се мати со миксер слатката павлака додека да се добие цврст шлаг, а потоа се дели на два дела. Во едниот дел се додава овошјето, а потоа се соединува со смесата од бисквити и јогурт.
Смесата може да ја мешате со лажица, но може и со рака. Излејте ја во помало тавче или калап обложен со проѕирна фолија. Обликот исто така е по ваш избор.
Одозгора рамномерно нанесете го остатокот од слатката павлака и израмнете. Декорирајте по желба, со сечкано овошје, мелени бисквити… Тортата оставете ја во фрижидер да излади околу два часа, а потоа можете да ја сечете и да ја послужите. / Фотографија и рецепт на Габриела Миленкоска / НМД рецепти