Љубителите на чоколадните десерти ќе бидат воодушевени, бидејќи овој колач е подобар дури и од сладолед. Три слоја од чоколадо, толку кремасто што се топи во уста.

Подготовката е многу лесна, без печење, а тоа е одлично особено во летниот период. Ви претставуваме две варијанти на овој десерт:

рецепт 1

РЕЦЕПТ 1 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (за прв слој): 500 мл млеко, 3 лажици шеќер, 2 лажици брашно, 1 лажица скроб/нишесте, 2 лажици какао во прав, 50 г млечно чоколадо, 1 лажица путер.

За втор слој: 500 мл млеко, 3 лажици шеќер, 1 лажица скроб/нишесте, 50 г бело чоколадо, 2 лажици брашно, 1 кесичка ванилин шеќер (10 г), 1 лажица путер. За трет слој: 100 мл млеко, 150 г црно чоколадо, 1 лажица путер

рецепт 1

РЕЦЕПТ 2 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 100 г чоколадо, 100 г путер, 1/3 чаша шеќер (80 г), 1 1,2 чаша брашно (120 г), 2 лажици какао, 1 лажичка прашок за печиво, 1/2 чаша млако млеко (125 мл), 1/2 лажичка ванилин екстракт.

За белиот крем: 200 мл хопла, 1/4 чаша шеќер во прав (60 г). За чоколадната глазура: 100 г чоколадо, 1/3 чаша топло млеко

рецепт 2

ПОСТАПКА за рецепт 1: Во млекото додајте шеќер, брашно, скроб и какао, па промешајте. Барете со непрекинато мешање додека да се згусне, па потоа додајте го чоколадото. Варете додека да се растопи и соедини во кремот.


Додајте путер и продолжете со мешањето. Смесата сипете ја во соодветен сад, оставете да се подизлади прво на собна температура, а потоа во фрижидер или во замрзнувач. Кога првиот слој е готов, отпочнете со подготовка на вториот:


Помешајте млеко, шеќер, скроб, брашно и варете со непрекинато мешање. Додајте го белото чоколадо и варете додека да се растопи и соедини во кремот, па ставете го путерот. Варете до непрекинато мешање додека и тој да се растопи и инкорпорира.



Сипете го овој крем како втор слој врз првиот, оставете малку да се подизлади, па вратете во фрижидер да отстои еден час. Во зовриено млеко или загреана слатка павлака ставете го чоколадото искршено на коцки и мешајте додека да се растопи.



Потоа додајте го путерот и мешајте додека да се инкорпорира. Прелијте ја глазурата преку вториот слој, израмнете и распоредете рамномерно, оставете малку да се подизлади.

Па, вратете во фрижидер на уште барем половина час пред послужување. Видеопрезентацијата од овој рецепт погледнете ја ОВДЕ, а во продолжение прочитајте ја постапката за вториот рецепт ОВДЕ.