ХИТ ПОСЕН КОЛАЧ СО ЈАБОЛКА И ОРЕВИ…Мириса прекрасно до кај соседите, се топи во уста…Состојките се мерат со чаша, така што не ви е потребна вага, ниту миксер.
Овој старински колач го правеше баба ми, а особено често за време на постот. Многу е вкусен и сочен. Јас првпат го правам после долги години и сите не воодушеви…Еве што ви е потребно:
РЕЦЕПТ 1 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (се мери со чаша од 200 мл):
2 чаши брашно
1 кесичка прашок за печиво
2 кесички ванилин шеќер
1 чаша шеќер
1 чаша рендани јаболка
1 чаша мелени ореви
1/2 чаша сечкани ореви
1 чаша масло
1 чаша бело вино
4 лажици џем
ПОСТАПКА:
Измешајте брашно, прашок за печиво, шеќер, ванила, мелени и сечкани ореви. Додајте ги ренданите јаболка, малото и виното. Убаво соединете ги сите состојки и смесата излејте ја во калап 28 см обложен со хартија.
Печете 30-тина минути во загреана рерна на 180-200 степени. Кога ќе се олади премачкјате го со џем и посипете го со сечкани ореви. Рецепт на Балканска домачица – ОВДЕ.
РЕЦЕПТ 2 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
Суви состојки промешајте:
3 чаши брашно
1 чаша шеќер
1 кесичка ванилин шеќер
1 кесичка прашок за печиво
1 лажичка цимет (по желба)
Додајте влажни состојки:
1 чаша масло 200 мл
4 рендани јаболка
50 г сечкани бадеми/ореви/лешници
Смесата распоредете ја во среден калап обложен со хартија и печете 30-тина минути во загреана рерна на 180 степени додека да зарумени.
Топлиот колач премачкјате го со џем, па со 100 г растопено чоколадо и посипете го со сечкани бадеми/ореви…Видеото погледнете го ОВДЕ:
https://www.instagram.com/p/ClgtP5ZMmZj/?igsh=MWdtam9kc3ZxazM4ag==