Гурабии со кисело млеко и ореви. Овие меки и ароматни гурабии се вистинска носталгија за секој дом.
Со едноставни состојки и лесна подготовка, тие носат топлина и сладост на секоја трпеза. Рецептот, споделен од Веска Лазарова, е без јајца, а резултатот е нежно тесто што се топи во устата, надополнето со крцкавоста на мелените ореви.

Потребни состојки (1 чаша = 200 мл):
– 200 мл кисело млеко
– 1 лажичка сода бикарбона
– 1 чаша шеќер
– 1/2 чаша масло
– 2 кесички ванилин шеќер
– 3 чаши брашно
– Мелени ореви (за овалување, по потреба)
– НМД
Постапка:
1. Во длабок сад измешајте го киселото млеко со содата бикарбона и оставете да отстои неколку минути додека смесата почне да пени.
2. Додајте го шеќерот, маслото и ванилиниот шеќер, па промешајте со лажица додека смесата стане хомогена.
3. Постепено додавајте го брашното и продолжете да мешате со лажица сè додека да се формира меко и нежно тесто.
4. Земете од тестото со лажица, формирајте топчиња со големина на орев и валкајте ги во мелени ореви.
5. Наредете ги топчињата во тава обложена со хартија за печење, оставајќи доволно простор меѓу нив за да не се залепат при печењето.
6. Печете во загреана рерна на 200 °C околу 10-12 минути или додека гурабиите да добијат лесна розова боја.
7. Оставете ги да се изладат пред сервирање.
Уживајте во овие вкусни курабии со чаша чај или кафе!