Иако името на оваа торта не е баш нешто посебно, но откога ја направив бев воодушевена колку беше одлична на вкус. Се прави од неколку состојки и нема да ве чини многу. Mека, сочна и не се pacпаѓа додека се сече.
Потребни состојки за кора: 1/2 литар млеко, 200 г шеќер, 250 г брашно, 3 лажици масло, 4 супени лажици џем по ваш избор, 2 лажици какао, 2 мали лажички сода бикарбона. Потребни состојки за филот: 1/2 литар млеко, 150 г шеќер, 6 лажици брашно, 2 кесички ванилин шеќер, 200 г путер / маргарин.
Постапка: Измешајте го млекото, шеќерот, брашното, маслото, џемот, какаото и сода биркабоната. Сите состојки за кората изматете ги со миксер на мала брзина. Смесата треба да изгледа течна како онаа за палачинки. Од оваа смеса се печат 4 кори.
Со цел сите кори да бидат со иста дебелина, добиената смеса ја истурам во 4 длабоки чинии, за да бидат сите подеднакво наполнети. Корите ги печам во плех со димензии 20х30 см. Ако печете во поголем калап, тогаш испечете 3 кори за да не ви излезат премногу тенки.
Плехот го обложувам со хартија за печење и ја истурам смесата од чинијата. Кората се пече на 180-200 степени 5-8 минути. Корите брзо се готови, пробајте со прст да ја притиснете кората и ќе почувствувате дека е печена и под прсти се чувствува како гума.
Корите лесно се префрлаат и се вадат од тавата. Ако е потребно може да го намастите плехот или да ставите хартија за печење доколку мислите дека ќе ви залепи за дното.
Корите се еластични и не кинат. Не треба да се киснат и да се преливаат со топло млеко или вода бидејќи се сочни и меки! Состојките за филот се варат во млеко. Тргнете од оган кога ќе згусне и покријте го директно со проѕирна фолија.
Кога ќе се олади додајте го сварениот путер. Филувајте ја првата кора и одозгора ставете втора кора и филувајте ја. Подеднакво измазнете го филот, но ставете помалку од првата кора. Подеднакво направете ги и другите кори на истиот начин.
Одозгора се премачкува и последната кора, а бидејќи има и многу фил може да ја премачкате на крајот целата торта. Овие кори може да се полнат со некои други филови – по желба. Но, оваа наједноставна е вкусна, а тортата е одлична! Декорирајте по желба. / Coolinarka.com / Прочитајте го и следниот рецепт:
Aко сакате нешто побрзо и немате време да го направите првичниот рецепт за крем, може да го направите следниов: Ова е универзален ванила крем кој слаткарите го ставаат во повеќето свои колачи и торти. Вкусот на овој крем кој се топи во уста е свиленкасто нежен. Пробајте го и уверете се сами, ви го пренесуваме оригиналниот рецепт:
Потребни состојки: 500 мл млеко, 1 стапче ванила (ќе ви биде потребно семето од стапчето), 4 жолчки, 150 г шеќер, 50 г брашно или густин, 1 лист желатин
Постапка: Ставете го млекото на оган да зоврие заедно со ренданите семчиња од ванилата.
По желба ставете и празно стапче кое треба да се извади кога ќе проврие. Ако не го употребите стапчето, истото сомелете го, ставете го во шеќер и ќе добиете домашен ванилин шеќер. Жолчките пенасто изматете ги со шеќер, па додадете брашно или густин, измешајте да нема грутчиња.
Во тоа ставете малку од зовриеното млеко, добро разматете за да се загреат жолчките, па додадете го остатокот од млекото. Добро промешајте, па садот вратете на тивок оган и мешајте додека да згусне. Тргнете од оган и додека се лади често промешувајте го за да не фати коричка или прекријте го со проѕирна фолија.
За побрзо ладење, кремот излејте го во поширок сад, раширете го и прекријте со фолија. За погуст крем, сварениот крем тргнете го од оган малку на страна, па додадете во него желатин, претходно натопен во вода според упатството, па растопен на пареа.
Вака ќе го добиете основниот крем за филување на торти и колачи, а можете по желба и да го збогатите вкусот со додавање на изматена слатка павлака, пенасто изматен путер и растопено чоколадо, како и овошен екстракт. / Coolinarka.com