Ако сте љубител на слатките пити направени со крцкави кори, а сочна и вкусна внатрешност, тогаш ова е вистинскиот рецепт за вас. Колачот потсетува на баклава, зашто на крај се залева со шеќерен сируп. Фантастичен вкус кој мора да го пробате. Рецепт на Гвоздена Живковиќ.
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 4 јајца, 300 г шеќер, 150 мл масло, 200 мл јогурт или кисело млеко, 200 г гриз, 1/2 лимон (рендана кора), 1 кесичка прашок за печиво, 500 г кори за пита. За прелив: 300 г шеќер, 400 мл вода, 1 лимон (сок)
ПОСТАПКА: Поделете ги корите на три дела од по 4 кори за три ролати. Јајцата изматете ги со шеќерот додека да згуснат, па додајте го јогуртот, маслото и ренданата кора од 1/2 лимон. Кога шеќерот ќе се растопи, додајте го гризот помешан со прашок за печиво и соединете сè.
Филот поделете го со лажица на три еднакви дела. Земете една кора и премачкајте го со филот, повторете со сите четири кори. Искористете го селиот фил што го подготвивте за првиот ролат (една третина од вкупната количина). Лесно свиткајте го ролатот и ставете го во плехот во кој ќе ја печете питата.
Истото повторете го и со преостанатите кори и фил. Ќе добиете три големи ролати. Оставете малку фил за да ги премачкате одозгора. Загрејте ја рерната на 180 степени и печете ја питата дваесетина минути.
Додека се пече питата, подгответе го сирупот од наведените состојки. Треба да се вари десет минути. Изладете го сирупот и прелијте го ладниот сируп врз топлата пита. Питата можете да ја избоцкате со чепкалка за подобро да го впие сирупот.
Изладете, исечете ги на саканите парчиња и засладете. Совет: питата можете да ја подготвите со овошје, вишни, малини, јаболка..по ваш вкус. Кога ќе се олади, дополнително можете да ја посипете со шеќер во прав. Рецепт на Гвоздена Живковиќ.
За повеќе рецепти заследете ја NMD.mk, лајкнете ја и споделете ја нашата страница. Следно прочитајте: „ГРИЗ ПИТА: Гостите нè пpашаа каде сме ја кpиеле досегa (рецепт за солена и слатка варијанта)“ – ОВДЕ.
ГРИЗ ПИТА: Гостите нè пpашаа каде сме ја кpиеле досегa (рецепт за солена и слатка варијанта)