ГРИЗ КОЛАЧ ЗА 10 МИНУТИ: Највкусниот и најбрзиот колач во светот! Запишете си го рецептот, зашто ова ќе стане вашиот омилен колач! Се приготвува за 10 минути, а потоа треба да се олади во фрижидер само уште еден час…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

1 чаша гриз (150 г)
1 чаша шеќер (170 г)
3 супени лажици какао (60 г)
1 кесичка ванилин шеќер
1 литар млеко

За глазура:
1 кесичка инстант чоколадо (за топло чоколадо)
2 чаши млеко (400 мл)
лешници

ПОСТАПКА:

1.Во тенџере сипете гриз, шеќер, какао, ванила и млеко. Добро промешајте за да нема грутчиња.

2.Тенџерето ставете го на умерен оган и сварете го гризот со непрекинато мешање додека убаво да згусне.

3.Смесата сипете ја во калап со средна големина, претходно навлажнет со ладна вода.

Оставете да се подизлади на собна температура, па оставете во фрижидер 1-2 часа.

4.Прашокот за инстант чоколадо сипете го во тенџере и промешајте го со млекото.

5.Загревајте на умерена температура додека да се свари и малку да згусне.

6.Сипете го врз оладениот гриз, протресете за да се израмни, а одозгора посипете ситно сечкани лешници за декорација.

7.Оставете да се олади и стегне, па послужете.

На здравје сладење! Деталите погледнете ги ОВДЕ.