Потребни состојки:
1,5 литар млеко
4 желатини
300 г шеќер
1 литар слатка павлака
200 г чоколадни наполитанки
2-3 ребра чоколадо за готвење
300 г петит кекси
100 г чоколадни трошки
Постапка:
Од 1,5 литар млеко одвојте 300 мл млеко каде ќе ги натопите желатините, а остатокот од млекото проварете го со шеќерот. Во топлото промешајте ги желатините со млеко и добро измешајте. Оставете да излади. Изматете ја слатката павлака и додадете го млекото со желатин.
Смесата поделете ја на три дела:
1.дел оставете го бел.
Во 2. додадете здробени наполитанки (може и мелени) и 2-3 ребра стопено чоколадо.
Во 3. дел додадете здробени петит кекси (може и мелени).
Длабока тепсија (35х45см) обложете со алуминиумска фолија и поросете со чоколадни трошки, а потоа излејте го белиот фил, па ставете го во фрижидер неколку минути да се стегне, а во меѓувреме пригответе го вториот фил со наполитанките и чоколадото.
Врз белиот фил ставете го филот со наполитанки, па повторно вратете го во ладилник да се стегне, а за тоа време пригответе го филот со кекси. Врз филот со наполитанки ставете го филот со кексите, па вратете во фрижидер да отстои најмалку 2-3 часа за убаво да стегне.
Потоа колачот префрлете го во соодветен сад за послужување и превртете го наопачки така што белиот фил со чоколадните трошки ќе биде најгоре, па отстранете ја алуминиумската фолија. Чоколадните трошки можете и отпосле да ги ставите.