Нема да ве остави рамнодушни!
Потребни состојки: 3 јајца, 150 г шеќер, 12 лажици млеко, 12 лажици масло, 12 лажици пченичен гриз, 12 лажици брашно, 1 прашок за печиво и 200 г мелени ореви. За шербет: 400 г шеќер и 450 мл вода.
Постапка: Изматете јајца со шеќер, па додадете ги останатите состојки, па на крај мелени ореви и лесно со лажица промешајте одоздола кон нагоре. Смесата ставете ја во намастен и набрашнет плех (20×25) и со лажица израмнете. Колачот печете го во загреана рерна на 200 степени додека убаво да зарумени.
Оставете да излади а во меѓувреме сварете го сирупот: водата со шеќерот да зовријат. Изладениот колач исечете го на коцки, па прелијте го со топол сируп. Украсете со малку мелени ореви, па одтавете на ладно место убаво да излади.
coolinarka.com