Отсега па натаму ќе приготвувате совршена супа!
Многумина ќе се сложат дека никој не ја готви супата така добро како нашите баби. А што е тоа што нашите баби го знаат, а младите генерации не? Искусната готвачка Меги Бир (73) која готви за познати личности ни ја открива тајната за совршена пилешка супа.
Имено, ако не ја знаете техниката, лесно може да се случи месото да ви остане жилаво, а зеленчукот да ви се превари и да се распаѓа.
Меги за 9Kitchen открива неколку трикови:
-супата гответе ја со анасон, магданос и репка.
-пред да го ставите зеленчукот во лонец, прелијте го со маслиново масло и оставете го накратко во рерна. На тој начин ќе ја сочува бојата и вкусот.
-не е лошо да се додаде леблебија или леќа кои ја збогатуваат аромата на супата. Можете да ставите и јачмен, но него претходно треба да самостојно да го сварите, па да го додадете на крај.
-што се однесува до месото, секогаш купувајте постара кокошка. Сетете се на изреката: „стара кокошка-добра супа“. Исто така, не ја вадете кожата.
-во текот на самото варење, месото извадете го од супата кога е готово, а потоа повторно вратете го на крај од готвењето.
-многумина супите ги варат на силен оган бидејќи така побрзо ќе се сварат намирниците, но така месото ќе ви остане жилаво. А со „крчкање“ на тивок оган добивате повеќе вкусови.