Многу вкусен а едноставен колач.
Потребни состојки (мерата е чаша од 200 мл): 1 чаша јогурт, 1 чаша млеко, 1 чаша масло, 1 чаша кокос, 1 ванилин шеќер, 2 чаши шеќер, 2 чаши брашно, 1 прашок за печиво. За глазура: 100 г чоколадо, 3 лажици масло
Постапка: по истиот редослед како што се дадени, ставајте ги во подлабок сад и мешајте со лажица или шпатула. Мешајте додека смесата да се изедначи и да се спојат состојките.
Добиената смеса излејте ја во намастен и набрашнет плех со димензии 20х17 см. Ставете да се пече во претходно загреана рерна на 180 степени, околу 30-тина минути. Проверете со чепкалка дали е печен.
На пареа или на тивок оган растопете го чоколадото со малку масло, па прелијте го преку колачот. Оставете да излади и глазурата да се стегне, па можете да го сечете колачот и да го послужете.