Рецепт и видео презентација на Гурман ТВ – Запечена зелка во рерна само со зачини и сол. Овој рецепт го правам веќе пет години и презадоволен сум од вкусот. Може да го печете да биде крцкав или да биде сочен и многу мек. Во секој случај е многу вкусен и секогаш ги изненадувам гостите со овој специјалитет.
Потребни состојки: две помали главици зелка, 100 мл маслиново масло, 1 лажичка сол, половина лажичка црн пипер во прав, 1 лажичка црвена слатка зачинска пиперка во прав, 1 лажичка оригано. Зелките се печат во рерна на 180 степени, во времетраење од 35 минути.
Постапка: Зелката добро измијте со ладна вода, отстранете ги надворешните листови и осчистете ја од набиени и валкани делови. Потоа исечете ја голем нож на тркала со дебелина од приближно 2 центиметри.
Плехот во кој ќе ја печете зелката обложете го со хартија и одозгора наросете маслиново масло. Наредете ги парчињата. Врз секое парче одозгора истурете по малку маслиново масло и со силиконска четка премачкјате го преку целата површина.
Одозгора посолете и наросете свежо мелен црн пипер. Наросете и по прстофат суво оригано и црвена слатка пиперка во прав. Може да додадете и зачини по ваш вкус и избор. Откако ќе ги зачините зелките, одозгора наросете уште малку маслиново масло.
Вака приготвената зелка ставете ја да се пече во претходно загреана рерна на 180 степени, околу 35 минути или додека зелката убаво за да се запече и зарумени одозгора. Вака печената зелка е многу сочна и вкусна, па нема да се покаете доколку ја пробате.
Можете да ја послужите како самостоен оброк за појадок или вечера, како прилог на главното јадење, со парче месо, а одлично одговара и доколку ја принесете како предјадење. Сите детали од постапката можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.
БОНУС РЕЦЕПТ: Една главица зелка исечете на 8 парчиња (или на четири), исто како кога сечете лубеница. Со помош на силиконска четка премачкјате го секое парче со растопен путер, преку целата површина.
Одозгора наросете го со лук во прав, по можност покрупна гранулација. За целата зелка ќе ви бидат потребни 2 лажички лук во прав. Наросете и италијански зачин кој одлично одговара со вкусот на зелката.
Вака зачинетите парчиња наредете ги исправено во плех обложен со хартија за печење. Ставете ги во загреана рерна да се печат на 180 степени околу 25-30 минути. Вака печената зелка излегува сочна одвнатре, а крцкава однадвор. Превкусна и лесно се сече.
Доколку пак сакате целата целка да ви биде сочна, тогаш парчињата зелка претходно зачинети, ставете ги во вакуумска кеса за печење, добро затворете ги и ставете ги во загреана рерна да се печат, исто така на 180 степени, околу 25-30 минути. вака приготвената зелка е многу сочна, омекната од сопствените сокови.