ГО НАМАЛУВА ХОЛЕСТЕРОЛОТ, ГО ЗАШТИТУВА СРЦЕТО И ГИ „ПУМПА“ МУСКУЛИТЕ: Напиток кој се прави за 5 секунди….Намирницата која е достапна на секој чекор, најупотребувана е зголемувањето на мускулната маса!
Сега е откриено дека сурутката е добра и за намалување на холестеролот.
Високиот холестерол лекарите го нарекуваат и „тивок yбиец“, бидејќи симптомите често се откриваат само кога тој ќе предизвика сериозна болест, особено оние поврзани со срцето и крвните садови.
Зголемениот холестерол создава наслаги на ѕидовите на крвните садови и го спречува протокот на крв до виталните органи, поради што се јавуваат сериозни состојби како срцев удар или мозочен удар.
Покрај лековите за овој проблем кои може да ги препише само лекар, постојат и некои народни лекови кои можат да помогнат во регулацијата на холестеролот. Една од нив е сурутката, покажа една неодамнешна студија.
Консумирањето протеин од сурутка може да помогне да се намали лошиот холестерол и да се зголеми добриот холестерол, а со тоа да се заштити срцето.
Инаку, сурутката најчесто се користи за зголемување на мускулната маса, а се продава во форма на прашок кој се меша со вода. Истиот напиток ќе ви помогне да го намалите холестеролот во крвта, велат лекарите.
Доволни се само три грама од овој прав дневно, измешани во вода.
Освен тоа, советуваат и промена на исхраната, да се јаде повеќе храна богата со растворливи диететски влакна.
Во студијата се наведува и дека треба да се зголеми количината на овошје и зеленчук, да се воведе овесна каша, а „обичните“ тестенини да се заменат со интегрални.
Не заборавајте на физичката активност – пред сè, аеробните вежби. И секако, најдобра од сите е свежата козја сурутка, па доколку можете да ја набавите, не пропуштајте го овој моќен напиток.