Кинескиот лекар (29) умрел од мозочен удар откако се борел против корона вирусот 35 дена без прекин.
Д-р Донг Тиан, анестезиолог, проглесен е мртов во болницата во Хубеи, во саботата наутро, една седмица пред својот 30.роденден.
Лекарот работел нон-стоп на првата линија од фронтот повеќе од месец дена пред да падне.
Лекуван е на одделението за интензивна нега 19 дена пред да почине, се наведува во извештаите. Зад себе оставил жена и болен татко.
Болницата во која работеше тој, ја објави неговата смрт на 21 март.
-Другарот Донг Тиан беше ефикасен и проактивен во својата работа. Ги почитуваше претпоставените и беше љубезен кон своите колеги – стои во соопштението.
-Својот живот го искористи за да ја изрази својата добронамерност и љубов како лекар. Ја жртвуваше својата младост и страст поради медицинската кариера – изјавиле од медицинскиот факултет на кој студирал.
Повеќето луѓе кои ќе се заболат од коронавирусот, добиваат умерени симптоми – според податоците во Кина каде врвот на епидемијата помина.
Научниците од Кинескиот Центар за контрола и превенција на болести го објавија истражувачкиот труд во кој беа анализирани подоатоци за првите 72.314 лица кои беа позитивни на корона вирус.
Епидемиолозите велат дека ќе помине многу време додека да може потполно да се сфати механизмот на овој вирус и кој е најранлив во оваа пандемија.
Податоците покажуваат дека мажите и жените имаат речиси исти шанси за да се заразат од вирусот. Кога научниците ги прегледаа првите потврдени 44.672 пациенти, откриле дека на 100 заразени жени има 106 заразени мажи.
Меѓутоа, се чини дека мажите се поподложни на штетното влијание од вирусот, барем оние кои биле дел од оваа почетна студија. 2,8% од мажите починале со дијагностициран вирус, а 1,7% жени.
Значи, од сите заразени кои се опфатени со студијата, 51,4 % биле мажи, а 48,4 % жени. Меѓутоа, од сите починати, 63,8% биле мажи, а 36,2% жени.
Истражувачите исто така, откриле колку тешко ги погодила болеста оние на кои истата им била дијагностицирана. Добрата вест е што повеќе од 80% од нив имале само благи симптоми. Речиси 14% од нив се класифицирани како “тешки случаи”, додека околу 5% од нив биле во критична состојба.
Децата во Кина покажале помалку тешки симптоми од останатите. Повеќе од 90% педијатриски пациенти биле асимптоматски, додека 13% немале апсолутно никакви симптоми. Само едно дете од 14 години починало.
Во првичните кинески извештаи беше потврдено дека повозрасната популација е најзагрозена. Повеќето пациенти имале помеѓу 30 и 69 години, но стапката на смртност се зголемува со бројот на години.