Ова е одлична, лесна и освежителна салата од краставица, која е малку поинаква од вообичаеното, приготвена на германски начин. Наречена Гуркинасалт, таа е главната салата во секое домаќинство во Германија.

Особено е популарна за време на летниот период, затоа што е многу лесна и освежителна, а добро се вклопува и со посилни и месни јадења. Верзии на оваа салата од краставици ќе најдете во секое домаќинство во Германија и во многу германски ресторани ширум светот.

Доаѓа во верзија без крем (масло-оцет), како и во кремаста верзија како онаа што ќе ја споделиме. Тоа е одлична летна салата и се послужува со богати, месни, тешки главни оброци. Освежува и разладува, има чист и неутрален вкус. Може да трае два дена во фрижидер.

Потребни состојки: краставици, кисела павлака, свеж копар, мала главица црвен кромид, 1-2 чешниња лук, свеж власец, лимонов сок, сол по вкус

Краставици – најдобро е да се употребат долгите англиски / „телеграфски“ краставици. Тие се помалку водени и имаат малку поцврста пулпа од пократките либански или некои видови домашни краставици.

Ќе ви биде потребна и кисела павлака – најдобро е да користите полномасна павлака, бидејќи соковите од краставица ќе го разводнат кремастиот прелив. Исто така, можете да го замените густиот јогурт/павлака со оцет, а најдобар е јаболков оцет.

Исто така, наместо јаболкова киселина можете да додадете лимонов сок. Ќе ви биде потребна и свежа китка копар/мирудија. Црвен кромид исечен на лентички, ситно исечкано лукче, свеж власец… сето тоа се зачини кои на салатата ќе и дадат освежителен вкус.

Исто така, може да додадете и неколку лисотви мента/нане, а свеж магдонос доколку сакате понеутрален вкус. За малку попикантен вкус се додава лимонов сок и лимон истискан под преса.

Постапка: краставиците измијте ги добро, а ако не се органски излупете ги. Исечкајте ги на тркалца. Доколку користите помеки краставици тогаш оставете ги малку да отстојат во раствор со сода бикарбона, потоа исплакнете ги и нема потреба да ги лупите.

Преливот можете да го приготвите во посебен сад, а потоа да ги додадете краставиците и да ги промешате. кремот треба да биде густ бидејќи краставиците ќе ослободат сок со кој тој ќе се разреди.

А исто така, можете сите состојки да ги ставите во еден подлабок сад, убаво да промешате додека да се изедначат, па смесата да ја префрлите во украсна чинија за сервирање и одозгора да декорирате со ситно сечкан власец или копар.

Зачинете ја по вкус со сол и малку црн пипер. Пробајте ја оваа салата, нема да се покаете, многу е вкусна и освежителна. Постапката погледнете ја ОВДЕ. На сличен начин се приготвува и омилената летна салата на Македонците, наречена „Снежанка“ или „Таратур“, а рецептот можете да го прочитате подолу.

ТАРАТУР САЛАТА

Таратур е салата од свежи краставички со кисело млеко или кисела павлака и лукче. Во разни варијанти, таратур салатата е најзастапената салата на Балканот.

Потребни состојки: 2 краставици, 200 мл кисело млеко или кисела павлака, 2-3 чешниња лук, сува или свежа мирудија/копар

Постапка: исчистете две краставици, излупете ги од кората, па исечкајте ги на тенки тркалца или коцки. Посолете ги и почекајте малку да омекнат. Исцедете го сокот што ќе го испуштат.

Краставиците измешајте ги со шолја кисело млеко или 200 мл кисела павлака. Додајте ситно сечкан лист од копар/мирудија/оригано и ситно сечкано лукче по вкус. Салатата се послужува добро изладена, а по желба може да се додадат и ситно, ситно сечкани лути пиперчиња.

таратур