Кога станува збор за кожни болести како што се егзема, псоријаза, осип, иритирана или само сува кожа, веројатно сте слушнале дека многу помага билката алое вера и кокосовото масло.
Овие две состојки се многу популарни и можете да ги сретнете во различни козметички средства за нега на телото а особено на кожата. Може да се користат самостојно, но што се случува ако се помешаат заедно, што би направила комбинацијата од овие две исклучителни состојки?
Алое вера е сочна билка, што значи дека во нејзините листови има голема количина вода, додека кокосовото масло е чисто масло, а сите знаеме дека вода и масло не можат да се мешаат заедно. Меѓутоа, може да се користи алое вера гелот, а не алое вера сокот, како и најдоброто кокосово масло, така што, сепак, ваквите текстури можат да се комбинираат.
И гелот од алое вера и кокосовото масло се одлични за вашата кожа.
Еве неколку здравствени бенефити од алое вера:
-помага во регенерација на кожа повредена од изгореници
-ја смирува кожата од осип
-лекува стрии, старечки пеги, акни и лузни
-ја хидрира и подмладува кожата.
Кокосово масло:
Кокосовото масло може да се користи како природен освежувач кој го успорува стареењето на кожата. Особено е добро за сува кожа.
Има антигабични и антибактериски својства, па така помага при разни кожни заболувања како што се егзема, псоријаза, изгореници од сонце, осип и иритација на кожата.
Може да се користи и како отстрануваш на шминка. Ова масло е идеално за масажа, а може да се користи и како третман за сјајна коса.
Значи, престанете да користите комерцијални скапи креми и направете свој природен лосион во комбинација од кокосово масло и алое вера.
ИСЦЕЛИТЕЛЕН ЛОСИОН
Важно е да користете чист 100% алое вера гел (не сок), како и квалитетно кокосово масло.
Кокосовото масло кога е цврст облик е пенлив и лесен, што го прави фантастичен лосион за тело. Кожата брзо го впива и потребна ви е само мала количина за целото тело.
Потребни состојки:
½ шолја органско девствено кокосово масло
1/3 чист алое вера гел (органска, ладно цедена билка)
-неколку капки етерично масло по ваш избор (лаванда, јасмин, ружа, ванила).
Постапка:
Измешајте кокосово масло и алое вера во еден сад (не го топете кокосовото масло бидејќи ќе се соедини само доколку е квалитетно).
Изматете ја смесата со помош на електричен миксер 5 до 10 минути додека да стане светла и растесита смеса. После тоа додадете етерично масло.
Префрлете ја смесата во стаклен сад и чувајте го на собна температура. Чувајте во фрижидер доколку е топло. Лосионот ќе трае неколку седмици.
Како се користи лосионот:
Користете го како и секој друг лосион и мачкајте се по цело тело. Овој лосион е најефикасен кога се нанесува додека кожата ви е влажна после бањање. Исто така, може да биде и добар отстранувач на шминка.