Алуминиумската фолија има две различни страни. Додека едната е многу сјајна и исполирана, другата е мат. Тоа е резултат на процесот на производство, па многумина ги интересира дали и како тоа влијае врз подготовката на храната, дали при термичката обработка храната се кoнтаминиpa со алуминиум и со која страна треба да биде свртена кон храната.
Фолијата има голем број намени, но главно се користи за виткање на храната, за одржување на нивната топлина, задржување на топлината во внатрешноста од ѕидовите на садот и воопшто претставува одлично решение во милион ситуации во домаќинството.
Она што може да се забележи со голо око на овој тенок алуминиумски лист, е тоа дека има две различни страни, и тоа едната му е изразено сјајна, како огледало, а другата е мат. Дали тоа влијае врз нивното дејство при користењето? Еве го одговорот.
Оваа разлика настанува поради процесот на производство. Тоа значи дека во финалниот процес двата слоја фолија поминуваат низ валјак истовремено. Страната која доаѓа во допир со високо полираниот челичен валјак станува сјајна.
Другата страна, која не е во контакт со тој валјак излегува мат. Што се однесува до исхраната и домаќинството, нема врска на која страна ќе ја свртите фолијата. Иако, некои произведувачи на нелеплива алуминиумска фолија сугерираат дека храната ставена на мат страната и завиткана со неа, на тој начин дава максимална ефикасност.
Многумина на тој начин ја користат и при печење. Мат страната останува свртена кон храната, а сјајната страна е свртена кон надворешната страна. Во повеќето случаи, без разлика на која страна ќе ја ставите, алуминиумската фолија ќе осигура еднакво добра работа и кај замрзнувањето и кај приготвувањето на храната.
Познато е дека високи нивоа на алуминиум во организмот може да доведе до некои здравствени ризици, вклучително Алцхајмерова болест и бубрежна болест. Алуминиумот се наоѓа насекаде околу нас (дури и во водата) и се чини дека редовниот контакт не предизвикува проблеми.
За среќа телото поседува одбранбени механизми кои му помагаат да се ослободи од вишокот количини од овој метал. Сепак, доколку од некои причини дојде до зголемување на токсични концентрации со алуминиум во телото, тоа може да ги доведе во ризик здравјето на коските, мозокот, мускулите и другите ткива.
Дали е безбедно да се користи алуминумската фолија во кујната? Првенствено, тоа зависи од начинот на кој ја користите фолијата. Досега не се направени доволно истражувања кои би потврдиле дека 100% е безбедно или штетно нејзиното користење. Сепак, од направените студии познато е дека завиткувањето на ладна храна и складирање во неа, не доведува до никакво нејзино кoнтаминиpaње.
Меѓутоа, една студија од 2012 година откри дека готвењето со алуминиумска фолија на високи температури и употребата на кисела храна, сол и зачини, ослободуваат мали количини на алуминиум во храната. Сепак, потребни се повеќе истражувања на оваа тема за да може со сигурност да се тврди штетноста, односно безбедноста од употреба на фолијата при високи температури.