Автор на овој рецепт е фитотерапевтот д-р А.Попов, а рецептот е објавен во книгата Лековити билки во народната медицина од 1967 година.
За приготвување на овој рецепт потребни ви се 50 г суви пупки од црна топола.
Постапка:
Сувите пупки мора да се сомелат во прав, најдобро во машина за мелење кафе или блендер.
Пригответе ја маста: земете 1 дел од овој прав и 4 дела вазелин или несолен свеж путер. Добро промешајте и чувајте во фрижидер во затворен сад.
Маста треба да ја втриете во болните делови од телото заболени од ревма и гихт.
Пупките од црна топола имаат силно антисептично, антивирусно, антибактериско, противвоспалително, антитоксично, аналгетско, смирувачко дејство.
Забрзува зараснување на рани.
Во народната медицина пупките од црна топола се користат за лекување на ревма, гихт, хипертензија, главоболка, грип, воспалено грло, ларингитис, бронхитис, воспалени бели дробови, болести на уринарни органи, егзема…