Home ситни колачи ФЕРЕРО ШТРУДЛИЧКИ…Кога сакам нешто навистина вкусно ги правам овие празнични колачи…

ФЕРЕРО ШТРУДЛИЧКИ…Кога сакам нешто навистина вкусно ги правам овие празнични колачи…

ФЕРЕРО ШТРУДЛИЧКИ…Кога сакам нешто навистина вкусно ги правам овие празнични колачи… Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

За тестото:
250 г путер (може да користите и маргарин) на собна Т
180 г кисела павлака
50 г шеќер
1 ванилин шеќер
1 лажица арома на ванила (по желба)
500 г брашно

Фил:
200 г крем сирење Маскарпоне (или друго крем сирење)
250 г нутела или линолада
100 г пржени мелени лешници
200 г мелена плазма (може да се користат и други мелени бисквити)

За посипување одозгора: шеќер во прав

ПОСТАПКА:

Во еден сад помешајте ги крем сирењето со нутелата, па додајте мелени лешници и плазма. Кога ќе се изедначи филот, одокативно поделете го на 4 дела и оставете го настрана.

Во посебен сад сипете ги редоследно сите наведени состојки потребни за тестото, а брашното додајте го на двапати и замесете мазно, меко тесто кое не се лепи за рака.

На набрашнета површина развлечете го во кора со големина на големиот плех од рерна, па исечете ја на 4 ленти. Во средината од секоја лента распоредете по четвртина од филот и внимателно затворете ги ролничките.

Со прстите штипкајте ги краевите за да се залепи тестото. Наредете ги во плех обложен со хартија и печете ги 25 минути во загреана рерна на 170 степени.

Одозгора посипете ги со шеќер во прав и сечете ги додека се млаки. Постапката погледнете ја ОВДЕ.

https://youtu.be/eAhWgfQpeNY?si=1Va_Wba8jq0Jc7q8