Потребни состојки:

6 белки

200 г мелени ореви

3 лажици какао

1 кесичка желатин

Засладувач по желба

Постапка:

Прво изматете ги белките во цврст снег, па додадете засладувач.

Може тоа да биде и обичен шеќер па потоа повторно изматете додека снегот да стане доволно цврст, да може да се сече.

Со лажица додадете ги мелените ореви и промешајте, па со смесата полнете хартиени корпички за мафини и ставете да се печат во загреана рерна на 180 степени околу половина час.

Желатинот загрејте го во 50 мл вода, тргнете од оган, додадете какао и добро измешајте.

Врз печените мафини со помош на лажица нанесете од преливот со желатин и какао и оставете на собна температура да излададат, а потоа во фрижидер.