Потребни состојки:

550 г брашно

½ свеж квасец

300 мл млеко

100 мл масло

1 лажичка шеќер

1 лажичка сол

1 јајце

8 виршли (или нешто друго по вкус)

ПОСТАПКА:

Во помал сад соединете: млако млеко, свеж квасец, лажичка шеќер и малку брашно. Добро измешајте да нема грутчиња, па оставете на топло да се активира. Во поголем сад ставете половина од брашното, додадете го активираниот квасец, масло и сол, па промешајте. Постепено додавајте го преостанатото брашно и мешајте додека тестото да започне да се одвојува од ѕидовите на садот.

Замесеното тесто оставете го на топло да надојде.
Надојденото тесто истенчете го со оклагија на дебелина од 0,5 см, па сечете правоаголници со ширина 4 и должина од 6 см.

Потоа правоаголниците од тесто засечете ги по средина четири пати.
Виршлите исечете ги на помали парчиња со должина од 2-2,5 см.

На секое парче тесто ставете по една виршла и свиткајте, а краевите залепете ги така да се добие изглед на фенер.

Направените фенерчиња наредете ги во плех обложен со хартија, а одозгора премачкајте ги со разматено јајце. Печете во загреана рерна на 200°C додека да поруменат.