Home ТЕСТО Федер Погачици од 4 состојки кои сите ги сакаат – крцкави и...

Федер Погачици од 4 состојки кои сите ги сакаат – крцкави и меки, готови за 30 минути!

Федер погачиците се омилени на сите генерации – крцкави однадвор, а меки однатре. Овој рецепт е едноставен, без употреба на рерна, совршен за брз појадок или ужинка.

Благодарение на малку трикови со премачкување и печење во тава со водена пареа, ќе добиете погачици кои освен што се многу вкусни, ќе изгледаат и професионално – како од пекарница.

Идеални се за целото семејство, гости или дури и за мал деловен појадок со кафе, пишува НМД. Еве што ви е потребно:

Потребни состојки

За тесто:
• 300 г брашно
• 3 г квасец
• 10 г шеќер
• 180 мл млака вода

За премачкување:
• 2 лажици масло
• 1 лажица брашно
• малку сол
• црн пипер
• НМД

Постапка

1. Во голема чинија, помешајте брашно со квасец и шеќер. Сипете ја млаката вода и замесете меко и мазно тесто. Покријте го со крпа и оставете го на топло место додека да го удвои волуменот.

2. Откако ќе ферментира, премесете го тестото и обликувајте го во долгнавеста векна. Исечете ја на еднакви парчиња и од секое формирајте топче. Покријте ги и оставете ги да одморат 5–10 минути.

3. За премачкување, помешајте масло, брашно, сол и црн пипер. Со оклагија развлечете го секое тесто во долгнавеста кора и премачкајте ја со подготовената смеса.

4. Од подолгата страна преклопете ја кората во широчина од 2–3  см, продолжете со преклопувањето додека да добиете долгнавесто ролатче.

Исечете го надолжно на средина и со прстите издолжете го колку што можете. Свиткајте го како полжав и наредете ги во плех обложен со хартија.

Покријте и оставете ги да одморат 10 минути. Понатаму, можете да ги печете во рерна или како во оригиналниот рецепт: во тава:

5. Загрејте малку масло во тава на умерена температура. Пржете ги погачиците од двете страни додека да заруменат.

Потоа, внимателно сипете малку вода, поклопете со капак и оставете додека целата вода испари. На овој начин погачиците ќе останат меки однатре, а со крцкава коричка однадвор.

6. Послужете ги топли, идеални се со млеко, кафе или јогурт.
7. Постапката погледнете ја во краткиот видео прилог ОВДЕ: